Здравје и убавина
Тмурното време носи лошо расположение и главоболки…Како да си помогнете?
Ве мачи главоболка секогаш кога врне дожд, ви се менува расположението и немате волја за никакви активности на тмурно време? Ви се случува ли да ве „вртат коските“ и да ве нападне поспаност во услови на облачност? Доколу е така, а имате здрав организам, тогаш е јасно дека страдате од метеопатија и тешко ги поднесувате деновите како што е овој.
Метеопатијата е еден вид здравствен проблем кој се јавува под дејство на влијанието на метеоролошките фактори, меѓу кои промени на температурата, влажноста и воздушниот притисок, ветер, дожд, грмотевици. Лекарите велат дека метеопатијата полека, но сигурно станува многу честа болест на модерниот живот. Анализите покажале дека гледано по полови, жените се позасегнати од проблемот. Дури 30% од вкупната женска популација во светот, страда од оваа појава.
Најизразени симптоми на метеопатија се: меланхолија, главоболка, намалена концентрација, мрзоволност, болки и непријатност во зглобовите.
За полесно пребродување на долгите врнежливи денови, се препорачуваат некои општи мерки значајни за подобрување на здравјето на телото и психата. Иако врне, во текот на денот минимум да се пешачи по еден час. Многу луѓе го сакаат мирисот на дожд, а тој е микс на мириси кои ги испушта земјата, масло кое го испуштаат билките и озон.
Треба да се пијат чаеви и тоа: зелен чај, чај од камилица, нане и маточина и да се пие поголема количина на вода. Наутро да се појадуваат житарици,а ручекот да биде богат со зеленчук. Задолжително да се најде време за одмор и релаксација во мир и тишина за да се намали стресот. Ако ви е потребен мир и тишина, дождливите денови се идеални за вас. Така, нема да се замарате со гужви, полесно ќе се движите и никој нема да ви се најде на патот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар