Гостивар
Три случаи на семејно насилство во Гостивар! Нападнати сопруга, дете, брат, мајка

Вчеравечер (31 мај) околу 21 часот и 25 минути, на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 36-годишниот Ф.А. од гостиварско село, кој бил пријавен од неговата 25-годишна сопруга дека половина час пред тоа физички ја нападнал неа и нивниот малолетен син.
Лицето е задржано во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок, извести полицијата.
Исто така, вчеравечер околу 21 часот и 20 минути, полициски службеници го лишиле од слобода 31-годишниот В.Б. од гостиварско село, кој бил пријавен од неговиот 28-годишен брат дека околу 21 часот во семејниот дом физички го нападнал. Се расчистува и документира случајот, наведува СВР Тетово.
Денеска во 6 часот наутро, пак, полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 28-годишниот гостиварец Д.Н., кој претходно бил пријавен од неговата 49-годишна мајка дека во семејната куќа физички ја нападнал. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, наведува полицијата.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!