Рецепти
Три варијанти за нискокалоричен, а вкусен појадок
Основното правило во исхраната гласи: Не го прескокнувајте појадокот!. Без разлика дали ја имате идеалната тежина, или сакате да ослабнете, наутро мора да имате оброк. На организмот му треба енергија да го покрене и одржи во текот на денот, а тоа се постигнува токму со појадокот. Денес, ви предлагаме три варијатни на здрав, вкусен нискокалоричен појадок.
Омлет од белки со спанаќ и лук
2 белки од јајца
2 филџани обарен спанаќ
3-4 чешниња лук
малку фета сирење
путер
Во тава се става путерот да се растопи. Кога ќе се растопи се ставаат да се пропржат ситно сецканиот лук и обарениот спанаќ. На крај се додаваат изматените белки и фета сирењето.
Печена овесна каша со банана и аронија
2 банани
1 филџан овес
20-тина зрна аронија
1 лажичка мед
1 јајце
грст сецкани ореви
цимет
1 филџан млеко со ниска масленост
Во подмачкан плех наредете ги бананите исечени на тркалца. Додадете го медот, циметот, арннијата, оревите и покријте со фолија, па печете околу 10 минути. Додека се пече измешајте ги добро млекото, јајцето и овесот. На потпечените банани додадете ја таа смеса и печете уште 20-тина минути.
Гриз со бадеми
60 гр. гриз
1 филџан млеко со ниска масленост
грст бадеми
по вкус може да се додаде некое овошје
Загрејте го млекото, истурете го гризот и мешајте неколку минути додека смесата не се згусне. Додадете ги бадемите и овошјето и уживајте.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар