Македонија
Царовска: Почна исплатата на зголемената социјална помош

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска изјави дека е започната исплатата на зголемената социјална помош, согласно правата предвидени со новата социјална реформа. Според неа, над 25.700 домаќинства во земјава на нивните трансакциски сметки добиле гарантиран минимален приход, којшто за поголемиот дел од нив е зголемен за 100%, на сите овие домаќинства кои имаат деца дополнително им бил исплатен и детски и образовен додаток.
„Навистина ми е драго што спроведувањето на реформата се одвива непречено и нашите најранливи граѓани конечно ја добиваат помошта која им е потребна. Со овие промени ја намалуваме сиромаштијата во државата, овозможуваме еднаков старт за секое дете, ги унапредуваме правата на лицата со попреченост и го подобруваме квалитетот на предучилишното образование“, изјави Царовска.
Аплицирањето за новите права е се` уште во тек и се спроведува во Центрите за социјална работа. Пакетот закони за социјална реформа беше изгласан во Собранието на 21 мај.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите