Локални избори 2021
Униите на жени на ВМРО-ДПМНЕ и АА во Гостивар заедно на марш „Напред розово!“

Во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со Унијата на жените на Алијанса за Албанците во Гостивар, попладневно се одржа настан по повод месецот за борба против рак на дојка, октомври. Под мотото „Напред розово“, жените заедно маршираа од пред Центарот за култура до градскиот плоштад, од каде ги испратија своите пораки за повисока свест за редовни превентивни прегледи и поддршка на секоја жена што се соочува со болеста.
„Целта ни е да ја подигнеме свеста, моралот кај жените, а со тоа и да ги поттикнеме на редовна контрола, редовни прегледи, самопрегледи кои се мнлгу битни во раната дијагноза, превенцијата, рано преземање на мерки, терапија и сето тоа води до позитивен исход од дијагнозата, односно оздравување и победа над оваа опака болест. Како лекар сакам да нотирам дека за да имаме навремена дијагноза потребно е да имаме и навремени испитувања. Затоа апелирам да се надминат слабостите кои ги имаше во текот на изминатиот ковид период, да има што е можно повеќе слободни термини за прегледи, за да можат жените непречено да ги вршат повие прегледи. Исто така, на Гостивар му е повеќе од потребно да се обезбеди мамограф, затоа што мамографијата е најточна метода, преку која може да се дијагностицира карциномот на дојка и без симптоми. Гледате дека овде сме присутни жени од различна возраст, етникум, политичка припадност, професија и ова е еден вид порака, апел дека карциномот на дојка не бира, секој може да заболи, но со вакви настани, со едукација и подигнување на моралот да не дозволиме ниту една жена да стане жртва“, порача Анета Ќироска, претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар.
Беса Мухареми, претседател на УЖ на АА во Гостивар ги повика жените да бидат внимателни и одговорни кон своето здравје.
„Во духот на месец октомври, како што симболично е наречен „розов месец“ придонесуваме за сензибилизирање на јавноста за карциномот на дојка. Оваа болест може да ја погоди било која жена, па и мажите, не бира по националност, раса, религија. Порачуваме секој да мисли и да го чува своето здравје, да се прават редовни прегледи и контроли за да доколку е потребни навреме се преземат соодветни мерки“, истакна Мухареми.
Поддршка на активноста даде кандидатот за градоначалник на Гостивар од Алијанса/Алтернатива, Арбен Таравари.
„Карциномот на дојка е една од почестите болести што се јавуваат кај жените, но може да се превенира и тоа е главната порака на ваквите настани, превенцијата, повисока свест за рани прегледи. За жал во нашата болница се‘ уште не се исполнети во целост условите за превенција, да биде како што треба за жените што се соочуваат со карцином и за оние на кои им се неопходни прегледи“, рече Таравари.
На настанот присуствуваа и носителите на советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ,,За подобра Македонија“, Гоце Димовски и на Алијанса/Алтернатива, Ваљбон Лимани.
Отворени огласи за вработување:

Измамен гостиварец, порачал половни машини за косење

Продолжува рекордниот раст на рубљата во однос на доларот и еврото

Неверојатни цени само за Вас! – Нов Ултра леток на Ултра Маркети

Приведен дилер баран по наредба на судот во Гостивар за казна затвор од 6 години

Викенд временска прогноза

Ќе се реновира детското одделение во болницата во Гостивар

Малиот гениј Македон на прием кај Пендаровски и Шаќири

Возат патници со неисправни возила, 15 казни во Гостивар и Тетово за превозници

Расте бројот на заболени од мајмунски сипаници во Европа и Северна Америка

Приведен гостиварец, се однесувал агресивно кон полицајци

Свеченост за матурантите во економското училиште во Гостивар: Ни го покажавте патот, предизвикот е наш!

Малолетник повреден со нож пренесен во болницата во Гостивар

Самостојна изложба на Решат Амети во Грац

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар

Гостиварец докторант на Универзитетот во Чикаго со проект за учениците во Гостивар

Седум години непребол-Вечна слава на хероите Ненад и Горан

Оглас за 22 вработувања во Општина Гостивар

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Завршил во ПС Гостивар поради закани кон сестрите и внуката

Во Гостивар поставени инфо-табли за реката Вардар

Техничкото училиште во Гостивар се презентира пред полуматурантите

Гостиварци засукаа ракави-„Генералка викенд“ како порака за еколошко освестување

Распали гостиварската артилерија за голема победа против ТФТ Скопје 92-85

Ботанички градини во две училишта во Гостивар, децата со љубов одгледуваат билки и зеленчук

Почина Петар Илоски, еден од втемелувачите на гостиварската кошарка

МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

2МФЛ: ФК Гостивар го шокираше Вардар совладувајќи го 2-1

Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење

Гостиварското основно музичко училиште прослави патронат

Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?

Гостивар порача: Не сте сами!-Поддршка за жените во борбата против рак

Храбриот Гостивар немаше доволно сили за целосен шок – Победа на МЗТ 87-85 (фото)
ДНЕВЕН БРИФИНГ НА ВЕСТИ
Внесете ја вашата електронска пошта и добивајте ги најважните дневни вести на Gostivarpress.mk секој ден во 20 часот.
Ви благодариме!
Вашата електронска пошта е додадена.
Популарно изминативе 100 дена
- Македонијапред 4 недели
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Гостиварпред 3 месеци
Патарини: Над 1.000 евра една година Гостивар – Скопје одење и враќање
- Гостиварпред 3 месеци
Во Здуње уапсен 29 годишник кој си ја нападнал девојката
- Гостиварпред 3 месеци
Во Гостивар ќе се постави спомен плоча на загинатите во несреќата од 13 февруари
- Гостиварпред 3 месеци
Ќе се обновува фасадата на ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар
- Македонијапред 2 месеци
Православните христијани одбележуваат празник Тодорова сабота
- Гостиварпред 3 месеци
21 годишна девојка од гостиварско ја пријавила својата 36 годишна мајка за напад
- Македонијапред 2 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата