Поврзи се со нас

Вести

Уредникот на Gostivarpress.mk, Антеска во интервју за CIVILMEDIA: Потребна е деполитизација на целото општество!

Објавено

на

ЦИВИЛ Медиа разговараше со уредничката и новинарка од Гостивар, Љупка Антеска за слободата на изразување, медиумските слободи и активизмот.

ЦИВИЛ Медиа: Што за Вас претставуваат медиумските слободи и слободата на изразување?

Антеска: Лично за мене слободата на изразување претставува основен услов за да можам да функционирам. И тоа е веројатно најмногу заради мојата професија. Сметам дека ако луѓето и воопшто медиумите не зборуваат за неправдата и ако затвораат очи пред проблемите тогаш работите не можат да се придвижуваат кон подобро. А на светот, без разлика дали зборуваме за светот како целина, или за една држава, за еден град, макар и за едно семејство, секогаш му се добредојдени промени кон подобро.

ЦИВИЛ Медиа: На кој начин придонесувате или можете да придонесете во борбата за слободни медиуми?

Антеска: Таква е и мисијата на медиумите, или барем, таква треба да биде мисијата на медиумите и новинарите, отворено да зборуваме и да укажуваме на она што не чини. Заради тоа што не е во ред да прогледуваме низ прсти за пропустите, затоа што на тој начин не можеме да помогнеме. Значи, најнапред треба објективно да се гледа на работите за да можеме на јавноста да и го пренесеме онака како што е. Јас и моите колеги во Гостивар може да се пофалиме дека по објавувањето на одредени проблеми, коишто на изглед можеби не се толку големи, надлежните се мобилизираат и го решаваат проблемот. Почнувајќи од малите работи па стигнуваме до големите.

ЦИВИЛ Медиа: Дали Вие како новинар до сега сте се соочиле со притисоци од политичките и бизнис центрите на моќ и како се справувате со истите?

Антеска: Јас сум новинар во Гостивар 14 години. До сега не сум имала некои сериозни закани. Меѓутоа, притисоци, непријатни коментари и реакции секако дека сум имала. Јас често пати знам да кажам дека директорите на Комуналец ги паметам по неколку работи. Едниот реагираше зошто сме пишувале дека шахтите се опасност за минувачите. Друг, пак, реагираше зошто сме пишувале дека нивните возила се технички неисправни. Третиот го паметам по коментарот ‘Зошто да пишуваме дека нема вода, вода има’, а во половина град чешмите беа суви. Тоа се такви работи со кои секојдневно се соочуваме и се научивме да се справуваме.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се Вашите препораки во контекст на борбата за слободни медиуми?

Антеска: Дека треба да се менуваат работите, навистина треба. Меѓутоа не сум сигурна дека сум преголем оптимист. Затоа што сметам дека прво мора да се направи деполитизација на се во Македонија, затоа што луѓето тука се гледаат низ призмата на политиката. Не размислуваат со своја глава, немаат свој став. Мислам дека родителите треба да работат повеќе со децата, уште од мали да ги учат, да градат свој став, да имаат свое мислење, да креваат рака во училиште… Да се научат дека во животот треба да изградат свој став, свое мислење, коешто понатаму нема да се плашат и нема да им пречи самите да си дозволат да имаат слобода на изразување.

Преземено од: CIVILMEDIA

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена