Поврзи се со нас

Спорт

Урнебес во Младост, „падна“ Куманово (91:83)

Објавено

на

Силна битка се водеше вечерва во „Младост“ помеѓу екипите на Гостивар и Куманово за нови 2 бода од Првата македонска кошаркарска лига.

Знаејќи го фактот дека Куманово традиционално важи за незгоден противник и дека гостиварци не се во најдобра форма и понатака без плејмејкерот Вокер, се наговестуваше израмента борба во натпревар важен и за двете екипи, но ни одблиску не може да ја претстави точната сликата што се случуваше вечерва во Младост.

Гостиварци сигурно влегоа во натпреварот задржувајќи го противникот на 0 поени повеќе од 3 минути, но гостите лесно ја анулираа разликата за на крајот на првиот период резултатот да биде скоро изедначен 21-20. Со поените на Јанески, Димчевски и Фрајдеј во вториот период гостиварци остварија солидна разлика заминувајќи на полувреме со +7, (48-41).

Дури во вториот дел избраниците на Мирковски како да се освестија и одиграа феноменални 10 минути во кои ги надиграа домаќините во сите сегменти, принудувајќи ги на некои почетнички грешки, дозволувајќи само 8 поени во нивниот кош, добивајќи ја четвртината 8-25.

56-66 имаше екипата на Куманово на почетокот на последните 10 минути, нервозата почна да владее во Младост, секоја грешка беше громогласно коментирата, секој поен искрено прославен од играчите на двата клуба и дваесетина присутни лица на огромните празни трибини во Гостивар. Џалоун Фрајдеј покажа дека е врвен професионалец и неговите 4 поени по ред внесоа надеж дека натпреварот не е изгубен, за после тоа гостиварци да распукаат од сите позиции, Костоски во неколку наврати немилосрдно стрелаше за три од повеќе од 10 метри, Фрајдеј со чиста тројка и забивање само го одржуваше налетот на „бело-сините“ за со тешките и важни поени на Димитриевски и Тодоровиќ, КК Гостивар изброи дури 35 поени во кошот на Куманово, гостите немаа одговор на ваквата игра, периодот заврши +18 за домаќините, поставувајќи го конечниот резултат 91-83.

Голема победа за гостиварскиот прволигаш во една од најтешките кошаркарски сезони кои ги памети кошарката во светот. Ваква спортска борба, ваков натпревар, пред празни трибни, навистина жално.

Костоски и Рос беа најефикасни на натпреварот со 24 поени, Фрајдеј запиша 22, Димчевски 15, Тодоровиќ 13, Јанески 10, Димитриевски 5, Штерјов 2 поени. Покрај Рос, кај Куманово расположени беа и Ливингстон запиша 19 и Џекиќ 14 поени.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 7 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 11 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 13 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 14 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 16 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 16 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 17 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 18 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена