Гостивар
Утре одбележување на 3 години од трагичната несреќа кај Ласкарци

Утре, недела (13 февруари) се навршуваат три години од трагичната автобуска несреќа близу селото Ласкарци, која однесе 16 човечки животи.
Општина Гостивар најави дека годишнината ќе се одбележи со положување на цвеќе и собир на градскиот плоштад.
„Во 13:30 часот ќе положиме цвеќе на местото на трагедијата во село Ласкарци, а во 17:30 ќе се собереме заедно кај паркот на градскиот плоштад, во спомен на жртвите од оваа трагедија и да ја споделиме болката со сите оние кои ги загубија своите најблиски. Ги покануваме членовите на семејствата, пријателите на жртвите и граѓаните, да ни се придружат!“, напиша на фејсбук градоначалникот Арбен Таравари.
Претходните години трагичниот датум се одбележуваше со собир, положување на цвеќе и марш од Ласкарци до Гостивар.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022