Поврзи се со нас

Вести

Утре во Гостивар промоција на краток филм за поддршка на лицата со ихтиоза

Објавено

на

„Да градиме и живееме во општество еднакво за сите. Гласот на ретките болести е посилен кога сме заедно.“ Ова се пораките кои Гостивар ќе ги испрати по повод месецот за подигнување на јавната свест за ретката болест – ихтиоза. Одбележувањето е најавено за утре, вторник со промоција на краткометражен филм за подигнување на јавната свест за болеста.

„Мај е месец за подигнување на јавната свест за ИХТОЗАТА! Широката јавност се запозна со оваа ретка болест пред повеќе од една година. Сакав преку еден краткометражен филм од околу 8 минути да ги прикажам моите 28 години живот.  Живот кој го живеам  со предизвици, не како живот кој значи мрак, криење и срам, туку како живот кој значи надеж и истрајност, живот во кој со леснотија ќе ги надминувам предзивиците затоа што ги очекувам,  живот во кој јас ќе носам светлина. Преку овој краткометражен филм сакаме да ја подигнеме свеста за ИХТИОЗАТА, нивната интеграција, да ги охрабриме и да ја поддржиме борбата и истрајноста на лицата со ретки болести и нивните семејства. Овој краткометражен филм е само уште еден мал придонес во потрагата за подобар живот, едноставно да градиме и живееме во општество еднакво за сите“, вели Јосиф Мишевски од гостиварско Тумчевиште кој е пациент со ихтиоза.

Настанот се реализира со поддршка на Прокам Студио и на Здружението на граѓани со ретки болести „Живот со Предизвици“ , а во соработка со Coffee Club PEOPLE  кадешто и ќе се одржи промоцијата.

„Јосиф го запознав пред неколку години и ми беше мило што има толку надеж и позитивна енергија, со желба да помогне, не само да бара помош. Ретките семејства се такви, секој подава рака на другиот, затоа што знаеме колку боли. Почнувајќи од проблемите за добивање дијагноза, па продолжувајќи со потрага по информации, по третман, по контрола на болеста која ја носиме доживотно.“, вели Весна Алексовска, претседател на „Живот со Предизвици“.

Утрешната промоција на филмот, кој е снимен во Тумчевиште е закажана со почеток во 11 часот.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 часа

Сообраќајна несреќа во Гостивар: Повредени пет лица, оштетени пет возила

Спортпред 7 часа

Усик стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век

Спортпред 24 часа

Тајсон Фјури и Олександр Усик по 25 години ќе боксуваат за шампион во тешка категорија

Избори 2024пред 1 ден

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Гостиварпред 1 ден

Поставени нови иновативни корпи за отпушоци во центарот на Гостивар

Здравје и убавинапред 1 ден

Светски ден на ретката болест порфирија

Спортпред 2 дена

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Македонијапред 2 дена

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023

Гостиварпред 2 дена

Генералка викенд 2024 – Гостивар заеднички исчистен на неколку локации

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена