Гостивар
Вардар поплави улици и ниви во Чегране, поставени насипи на критичната точка

По значително зголемување на водостојот на Вардар кај гостиварско Чегране, изминатите денови биле поплавени улици и земјоделско земјиште. На терен заеднички интервенцирале екипи на Центарот за управување со кризи, локалната самоуправа и Комуналец. Според последните информации добиени од ЦУК попладнево, состојбата моментално е нормализирана.
Откако на 6 април (четврток) жители на Чегране пријавиле дека Вардар поплавил улици Регионалниот ЦУК Тетово го известил директорот на ЕСМ Подружница ХЕС „Маврово“, по што од 4 уклучени турбини, едната била исклучена со очекување дека за еден час ќе се намали водостојот на реката, што и се случило.
„Во петок во вечерните часови, ЦУК бил известен дека реката Вардар пак се има излеано од своето корито и има зафатено земјоделско земјиште. Најверојатната причината за излевањето било зголеменото производство на електрична енергија на ХЕС „Маврово“. По остварените контакти со ХЕС „Маврово“ било реагирано позитивно и било намалено производството на електрична енергија, се со цел да не бидат предизвикани поголеми штети. Во сабота околу 22:10 часот, од страна на РЦУК Тетово било известено дека повторно дошло до излевање на реката Вардар на критичното место во с. Чегране. За настанатата состојба, освен ХЕС „Маврово“ биле известени и Единицата на локална самоуправа (ЕЛС) Гостивар, Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Гостивар за преземање мерки и активности се со цел да се надмине настаната состојба со комбинирано дејствување и со намалување на работа на турбините од хидроелектраната и со поставување насипи и брани покрај коритото на критичните точки на реката Вардар во тој реон на излевање и поплавување.“, соопшти ЦУК.
Вчера (недела) по договор да се интервенира во санирање на делот од коритото на реката Вардар, околу 16 часот од страна на локалната самоуправа превентивно биле донесени и истоварени 4 камиони на песок (чакал, ризла ) на критичното место каде што во претходните денови имало излевање на реката.
Од страна на Секторот за операции и координација на ЦУК се известени сите институции, субјекти во системот за управување со кризи, со цел преземање мерки и активности од нивна страна за надминување на настаната состојба и превентивно координирано дејствување, наведуваат од ЦУК.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение