Гостивар
Величествено празнување на Велигден во Бигорскиот Манастир

Древното македонско православно светилиште Бигорскиот Манастир традиционално за чествувањето на Велигден беше преполно со верници, кои заедно се радуваа на веста за Христовото воскресение.
„Мили мои, Христос навистина воскресна од Гробот и му подари неизмерна радост и светлина на овој свет. Наше останува да избереме дали ќе го прифатиме животот на воскресение. Да не дозволиме да се уподобиме на помрачениот свет од Велики Петок, кога при Распетието на Господа, ‘настана мрак по целата земја, од шестиот до деветтиот час’ (Лк. 23,44). Надвор од Христа, светот е темнина, бездна на очајот и на пропадливоста. Затоа, да ги отвориме нашите срца и да се зарадуваме во ‘оваа спасителна и светлозарна ноќ, на светлоносниот ден на Воскресението – предвозвесница’, да Го воспееме Христа Воскреснатиот, Кој нѐ повикува да бидеме Негови пријатели, за да ни го дарува најскапоценото – живот вечен и неизмерна радост. И да не забораваме дека таа радост не е од овој свет и следствено, не е минлива како световното, туку продолжува и во вечноста“, порача игуменот на манастирот Отец Партениј.
фото:@stefan.rajhl
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград