Гостивар
Верниците од муслиманска вероисповед слават Рамазан Бајрам

Граѓаните од муслиманска вероисповед денес го празнуваат големот верски празник Рамазан Бајрам, кој доаѓа по едномесечен пост, во кој верниците се воздржуваат од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. Празникот утрово почнува со утрински Бајрам-намаз во џамиите, а потоа традициите налагаат посета и честитање на празникот на свои роднини и пријатели.
Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот. Поголемиот дел верници од исламска вероисповед овој празник го слават три дена.
„Овој благословен Рамазан, беше со нас во најтешките моменти кои ги донесе опасната болест Ковид-19 и коегзистираше со нас во текот на сите денови во текот на постот. Ова направи вредноста за верникот да биде уште поголема затоа што водевме двојна војна, едната против проколнатиот ѓавол, а другата во нашите напори да придонесеме за исчезнување на вирусот за да се спасат животите на луѓето. Се молиме на Семоќниот Аллах со молитва да го прифати постот, обожувањето, молитвите, милостината на верниците и да ги усреќи срцата на сите луѓе ширум светот, да ги спаси и подигне послабите, да ги помири срцата на луѓето за да живеат во мир и хармонија, да ги лекува срцата и раните на семејствата на жртвите од опасната болест и да го зајакнат нашето единство за доброто на нашите семејства, на нашиот народ и на и целиот човечки род“, рече поглаварот на ИВЗ Реис ул Улема, Шаќир Фетаи во честитката по повод празникот.
Gostivarpress.mk – на сите читатели, пријатели, соработници им го честита Рамазан Бајрам.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година