Поврзи се со нас

Гостивар

Викендов јубилејно 60-то издание на Галичка свадба

Објавено

на

    Oвој викенд, од 14-ти до 16-ти јули во живописниот Галичник ќе се одржи јубилејното 60-то издание на Галичка свадба. Невеста ќе биде Елисавета Булоска, а младоженец Оливер Андреевски кој по потекло е од Галичник.

    -Јас имам потекло од Галичник, а невестата има потекло од Охрид. Меѓутоа, се знаеме пет години. Постојано и зборувам за Галичник и така се случи оваа година да одлучиме да аплицираме на повикот од месната заедница и со голема желба, љубов и почит кон нашите претци да учествуваме на свадбата заедно со нашите семејства, да се венчаме токму во Галичник и со сите обичаи кои што следуваат во програмата на Галичка свадба, рече на прес-конференција младоженецот Андреевски.

    Според министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, Галичка свадба е повеќе од обичен настан. Тоа е како што рече, вистинско патување низ времето, магичен момент кога се спојуваат генерациите и се пренесуваат обичаите кои ги чуваме со голема почит.

    И оваа година, посочи, Галичка свадба и галичките свадбени обичаи нема да бидат само момент на среќа, радост и веселба, туку и живо негување на обичаите, традицијата и заедништвото на нашите претци кои се пренесуваат од поколение на поколение.

    -60 години традиција, 60 години радост за враќање дома во родниот крај, 60 години Галичка свадба, историски мост меѓу нашето минато и сегашност. Мост меѓу живата традиција и современост. Ова е време кога се слават љубовта, семејството и заедницата. На Петровден, писокот на зурлите и екот на тапаните ќе не потсетат дека нашите традиции се заштитени, а народот обединет околу своите културни вредности и обичаи. Секоја песна, секој танц, секоја шара на традиционалната облека, секој обред пренесува пораки за нашата историја, верувања и обичаи, рече Костадиновска Стојчевска на прес-конференцијата.

    Ана Сариевска, режисерка на Галичката свадба, рече дека има обврска на сите млади да им ги пренесе свадбените обичаи и адети како што ги научила од нејзините предци. За истата цел, се организира соодветна обука низ која поминуваат младите, каде што се третира онаа материја од самите обичаи и адети.

    -Среќна сум што го одбележуваме овој јубилеј затоа што потекнувам од семејство кое што е дел од основоположниците на оние што почнаа да организираат Галичката свадба. Многу сум среќна што учевме од нив. Имаме обврска овие три дена кога се случува свадбата да искоординираме околу 250 луѓе кои се техничка поддршка, учесници, нашите зет и невеста, нивните фамилии, пријатели и останатите учесници во свадбата, рече Сариевска на прес-конференцијата.

    Таа објасни дека самата свадба е жива работа, односно е претстава под отворено небо во неконтролирани услови и тоа го прави уште потешко самото нејзино одвивање, но успешно се соочиле со овие предизвици и истите ги надминуваат секоја година.

    Александар Костиќ од МЗ Галичник на прес-конференцијата апелираше до учесниците да се придржуваат до правилата заради непречено и безбедно одржување на Галичката свадба.

    Тој информираше дека за време на викендов во Галичник ќе има сообраќаен режим, каде паркирање на потегот каде што ќе се одвива Галичката свадба и каде што ќе се одвиваат обичаите, нема да биде дозволено.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Спортпред 12 часа

    Македонија ја совлада Литванија и се пласираше на ЕП 2026

    Здравје и убавинапред 13 часа

    Колку заби има човекот? – Развој, варијации и грижа за оралното здравје

    Писмапред 18 часа

    ПИСМА: Жители од зградите кај пазарот во Гостивар стравуваат од брзи возачи: Дали треба човечки живот да згасне за да се преземе нешто?

    Гостиварпред 20 часа

    Гостивар: 9 годишно дете плачело заклучено во стан, интервенирале пожарникари и Итна помош

    Рецептипред 22 часа

    Десерт кој се подготвува за 30 минути – колач со моркови, цимет и чоколадо

    Гостиварпред 2 дена

    Оддавање почит на хероите Горан Илијевски Мече и Ненад Серафимовски

    Занимливостипред 2 дена

    НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    Гостиварпред 2 дена

    Две лица лишени од слобода во Гостивар, полицијата им нашла кокаин и пари

    Гостиварпред 2 дена

    Повреден гостиварец, со мотор излетал на „Беличица“

    Македонијапред 3 дена

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Македонијапред 4 недели

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 4 недели

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Светпред 3 недели

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Пчеларката Весна од Гостивар и нејзините вредни пчелки

    Што, како, каде?!пред 4 недели

    „Ла Шишко 3“ со повторно отворени врати за љубителите на слатки задоволства

    Гостиварпред 4 недели

    „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт на Велики Четврток

    Културапред 4 недели

    Изложба на фотографии со културното наследство на Гостивар – Да се знае, почитува и чува!

    Културапред 3 недели

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена