Вести
Викендов во Минхен започнува 185-тиот Октоберфест
Објавено
пред 2 годинина

Најголемиот фестивал на пивото во светот, „Октоберфест“ викендов го започнува своето 185-то издание во Минхен.
На 22 септември, точно на пладне согласно традицијата градоначалникот на Минхен со чекан прв отвора буре со пиво, со што започнува фестивалот. Во главниот град на Баварија во наредните 16 дена се очекуваат околу шест милиони посетители кои ќе бидат дел од панаѓурот кој се простира на 30 хектари површина на минхенската Терезиен-ливада. Најголем дел од посетителите на Октоберфест 70% се од Баварија, доаѓаат во традиционална баварска облека, како што се кожените пантолони (ледерхозе) и женскиот фустан (дирндл), останатите 30%, од сите страни на светот.
На „Октоберфест“ може да се служат само локални пива, т.е. пива произведени на територијата на градот Минхен. Пивата кои ги задоволуваат посебните критериуми се означени како „пива на Октоберфест“. За потребите на фестивалот, пиварниците произведуваат посебен вид пиво, кое има повисоко ниво на алкохол од најмалку 13,5%, наместо вообичаеното ниво од 5,8% до 6,4% дозволени пива се: Augustiner-Bräu, Hacker-Pschorr-Bräu, Löwenbräu, Paulaner, Spatenbräu и Staatliches Hofbräu-München.
Цената на пивото на годинешниот фестивал, кое се служи во кригли од 1 литар се очекува да се движи од 10 до 11,5 евра за кригла.
Октоберфест не може да се замисли без традиционалната храна: ’’Hendl’’ (пилешко месо) , ’’Schweinsbraten’’(печено свинско) ,’’Haxn’’ (свинска коленица) , ’’Würstel’’ (колбаси) заедно со ’’Brezel’’ (переци), ’’Knödeln’’(компири или лебни кнедли) , ’’Käsespätzle ’’ (сирењаци) , ’’Reiberdatschi’’(компир – палачинки), ’’Obatzda’’ (масно вариво зачинето со сирење и путер) и ’’Weisswurst’’ (бел колбас).
Октоберфест за прв пат се одржал на 12-ти октомври 1810 година во чест на одбележувањето на бракот на трононаследникот Лудвиг и принцезата Тереза фон Сахсен-Хилдбургхаусен.
Оваа година се засилени безбедносните мерки. Дополнително поставени се огради, видео-камери, забранети се дронови, како и носењето големи чанти и ранци од посетителите. Околу 700 полицајци ќе се грижат за сигурноста на луѓето присутни таму.
АНКЕТА:

2009 оздравени, 190 новозаразени со корона изминатово деноноќие во земјава

„КамАЗ“ ги освои сие три победнички места на релито Дакар – За „КамАЗ-мастер“ 18 победа

Приведена 22 годишна девојка на патарина Тетово-Гостивар

За паушали на советниците во Гостивар годишно одат над 100 илјади евра

Државата ќе дава пари за купување ПВЦ прозорци, печки на пелети, сончеви колектори…

КК Гостивар сигурен против МЗТ 2 (78-62)

Гостивар на трето место по новозаразени со корона денеска, на четврто по оздравени

Последните два дена 43 решенија за изолација во Гостивар

Обновени се податоците: Проверете дали сте добитник на финансиска помош од 6.000 денари

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Надминат проблемот на „купувај домашно“ приговори може да поднесуваат и граѓаните на Општина Гостивар

Во тек е исплата на финансиска помош од 100 евра, приговорите се разгледуваат

На „купувам домашно“ нема опција за приговор за граѓани на Гостивар

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)

ФОТО ВЕСТ: Полициски час! Гостивар после 21 часот
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 1 месец
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар во тага, го загуби доктор Трајче Нешковски
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Спортпред 3 месеци
Важни победи за ФК Гостивар и Вардар Форино во 7.коло во 2МФЛ
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка