Поврзи се со нас

Локални избори 2017

ВМРО ДПМНЕ со промоција на кандидатот за градоначалник и советничката листа

Објавено

на

ВМРО ДПМНЕ вечерва одржа промоција на кандидатот за градоначалник на Гостивар, Дафина Стојаноска и кандидатите за членови на советот за престојните локални избори. Пред членството и симпатизери на партијата во партискиот штаб во Малеарди, Стојаноска ја сподели својата визија за Гостивар и ги потенцираше главните заложби.

„Јас Гостивар за четири години го гледам како град во кој ќе се креираат можности за просперитет, во духот на меѓуетничкиот соживот, меѓусебна почит и толеранција. Град во кој ќе се споделуваат заеднички вредности, без разлика на верска или национална припадност. Град во кој различностите ќе бидат наша гордост, темел и гаранција за заеднички успех. Ќе настојувам заеднички да ги негуваме мирот и стабилноста, сплотени во едно и со една цел: искористувајќи ги ресурсите и поволна географска местоположба – за што поголем економски развој и просперитет на сите нивоа, започнувајќи од основните побарувачки, па се до најсовремените можности и потреби на заедницата во град Гостивар“, рече кандидатот за градоначалник од ДПМНЕ нагласувајќи неколку поважни проекти од изборната програма: враќање на старото градско корзо, изградба на современ градски плоштад со шеталиште, катна гаража,  нова детска градинка, покриен базен, дом за стари лица, дислокација на депонијата Русино, изградба на центар за рециклирање и други.

Носителот на листата, Лоран Страшевски ги претстави сите 31 кандидат и нагласи дека тимот што го предводи ќе донесе уште една победа на избори. „Започнуваме нова ера која ќе ја запише победата на ВМРО ДПМНЕ. Започнуваме фер и коректна кампања во која единствена цел ќе ни биде да ги претставиме нашите напредни идеи“, рече Страшевски.

На промоцијата, свои куси обраќања имаа и потсекретарот на партијата и пратеник Горан Манојлоски, членот на ветераните на ВМРО ДПМНЕ Павле Билбилоски, Наташа Саздовска од Унијата на жени и поранешниот пратеник Сашо Аќимоски.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена