Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар одбележани 76 години од Февруарскиот поход

Објавено

на

Со пригоден собир и положување на цвеќе во Гостивар денес беа одбележани 76 години од борбените операции од народноослободителната борба, познати како Февруарски поход. Настанот го организираше Сојузот на борци, пред споменикот на народниот херој Чеде Филипоски-Даме, кој и самиот бил учесник во походот.

„Тој февруари 1944 година, како да се здружил со фашистите против голораките борци, пишува Киро Сотироски Строгов и самиот учесник во походот. Имало снежни виулици, јак студ, а борците слабо облечени, со дотраени обукви, без доволно храна, но со голема љубов и гордост чекореле напред. Учесниците во овој поход биле претежно млади луѓе, но свесни за големината на времето, подготвени да жртвуваат се` за слободата“, рече во обраќањето Радислав Ѓиноски, претседател на Сојуз на борци Гостивар

Гостивар дал значаен придонес во Народноослободителната војна на Македонија. Во Февруарскиот поход од `44 година, учествувале 40 борци од гостиварскиот регион. Неколкумина од нив го загубиле животот во борбата против окупаторот и тоа: Злате Малакоски, Васил Василески, Борче Јованоски, Крсте Гиноски, Слободан Пепоски, Светозар Спироски и Денко Дејаноски.

Присутните на денешното одбележување им оддадоа почит на борците со едноминутно молење.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена