Гостивар
Лекарите во Гостивар пријавуваат и заразени пациенти со грип
По првите 2 регистрирани случаи на грип меѓу населението во гостиварскиот регион кон крајот на октомври, месецов потврдени се пет нови. Според податоците во извештајот на Институтот за јавно здравје, во периодот од 2 до 8 ноември во Македонија пријавени се вкупно 20 заболени од грип, од кои 15 од подрачјето на Дебар и 5 од Гостивар.
ИЈЗ наведува дека во сезоната 2020/2021 вкупниот број на заболени изнесува 120.
Како што веќе информиравме, неделава започна вакцинацијата против грип со бесплатни дози наменети за ранливите групи граѓани: лица над 65 години, хронично болни, бремени жени, здравствените работници и деца до 5 години. Поради ковид пандемијата вакцинирањето не се врши во епидемиолошката служба, како претходните години, туку во објектот на Трудова медицина. За Гостивар обезбедени се 400 дози бесплатни вакцини.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 3 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба