Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар расте бројот на семејства кои бараат парична помош од државата

Објавено

на

Ковид пандемијата финансиски ги погоди сите сфери и граѓани, но најмногу удри по џебот на социјално загрозените. Во регионот на Гостивар се зголемува бројката на семејства кои се пријавуваат за користење на парична помош од државата. Во гостиварскиот Центар за социјална работа, дневно се поднесуваат од 30 па и до 100 барања за гарантирана минимална помош.

„Од март месец, кога Владата почна со нови мерки, бројката на баратели на гарантирана помош се зголемува. Ако претходно имаше околу 1.500 корисници, сега бројот оди до 2.500. Нашите служби секојдневно примаат нови барања, чија бројка се движи од 30 се до 100 дневно. Секако, не сите кои поднесуваат барања, стануваат корисници, туку оние коишто ги исполнуваат законски определените услови“, рече Мухамет Таири, Центар за социјална работа во Гостивар

Висината на помошта се движи од 6.000 до 12.000 илјади денари, зависно од бројот на членови во семејството, возраст на деца и други услови.

Во гарантирана минимална помош влегуваат и повеќе надоместоци и тоа: детски додаток, кој се менува зависно возраста на детето, (за основци изнесува 2.100 денари, додека за средношколци 3.000), а во периодот кога се смета грејна сезона и надоместок за греење по 1.000 денари месечно.

Инаку, право на гарантирана минимална помош има домаќинство кое е материјално необезбедено и нема во сопственост имот и имотни права од кои може да се издржува.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена