Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар се одржа трибина на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ

Објавено

на

Каква е иднината на младите во Македонија, кои се перспективите и што треба да се преземе за да се спречи иселувањето? Ова беа темите на трибината којашто се одржа вчеравечер во Гостивар, а ја организираше Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ.

Пратеничката Дафина Стојаноска потенцираше дека младите се движечката сила во општеството и мора да им се даде шанса да ги покажат своите квалитети.

„ВМРО-ДПМНЕ како конзервативна партија секогаш дава поддршка на традиционалните семејни вредности. Младите треба да ја гледаат својата иднина овде, во Македонија, а не надвор од неа, како што се случува. За да им се обезбедат услови и да им се пружи шанса да успеат во својата родна земја, државата треба да ја води партија што се грижи за доброто и интересите на младите и сите граѓани, а не некој што води демотивирачки и деструктивни политики.“, рече Стојаноска.

На трибината обраќање имаше Иванка Василевска, член на Извршниот комитет на партијата.

„Дојдени сме да го поведеме народот, во финалната битка за Македонија. Во неа се добредојдени сите кои ја сакаат нашата татковина. Македонија има свои интереси и своја политика. Секој кој ја сака родната грутка е дел од нашето големо семејство. Ние сме горд народ и не сме аморфна маса. Ние сме чесни и не бараме туѓо, единственото нешто кое го бараме е да си ја зачуваме Македонија“, порача Василевска.

Претставниците на Унијата на млади сили на трибината подвлекоа дека актуелната власт не води никаква грижа за потребите на младите, дека во студентските домови владеат мизерни услови и ништо не презема за искоренување на „белата чума“, иако тоа било едно од нивните главни ветувања во предизборието.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 24 минути

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 4 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 6 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 8 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 9 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 10 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 11 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 22 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена