Гостивар
Во Градец се гради противпожарен центар преку заеднички проект на Македонија и Албанија

Подобрување на системите за заштита од пожари и одговор во соработка со соседните општини од Македонија и Албанија е проект што треба да се реализира до август 2024 година, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов при денешната посета на селото Градец кадешто се гради противпожарен центар. Неговата изградба е во склоп на проектот „Прекуграничен Противпожарен штит“ поддржан од Европската Унија во кој се вклучени општините Врапчиште и Боговиње во Македонија и Церик во Албанија.
„Проектот ќе придонесе за заштита на животната средина и спречување на шумски пожари во прекуграничната област, што е од клучно значење за зачувување на нашите природни ресурси и обезбедување на безбедноста на нашите граѓани. Овој проект ја покажува посветеноста на Северна Македонија и Албанија да работат заедно кон заедничко цели и да ги зајакнеме нашите врски како соседни земји. Министерството за локална самоуправа ќе ги покрие трошоците од македонската страна во висина од 15 отсто“, рече министерот Пенов.
Проектот се реализира преку ИПА Програмата за прекугранична соработка и има вкупен буџет од 859.196 евра, а водечки партнер е Општината Врапчиште.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава