Гостивар
Во клупа или од пред компјутер? Неизвесно е како учениците ќе го почнат 1-ви септември

Објавено
пред 5 месецина

На две и пол недели пред почетокот на новата учебна година, министерствата за образование и за здравство се’ уште не донесоа конечна одлука на кој начин ќе започне одвивањето на наставата.
Министерот за образование Арбер Адеми на денешната прес конференција истакна дека се залага за враќање на учениците во училишните клупи, но тоа зависи од епидемиолошката состојба со коронавирусот.
„Нудиме три модели на организирање и спроведување на наставата: со физичко присуство, далечинско учење-онлајн и третиот модел е комбиниран начин на настава од првите два. Во МОН преовладува мислење дека треба да се организира настава со физичко присуство, но да се земе предвид епидемиолошката состојба и условите во училиштата. Тоа значи дека секаде каде ни дозволува епидемиолошката состојба и каде има услови, имајќи ги предвид протоколите за заштита, би требало наставата да биде со физичко присуство. Нашиот став е јасен, нема замена за наставата со физичко присуство, но сепак треба да водиме сметка за здравјето на нашите ученици. Да се обезбеди физичка дистанца најмалку 1,5 метри и да се испочитуваат други одредби и упатства за да наставата се организира безбедно. Во училишта кои немаат услови, наставата треба да се организира преку комбиниран модел. Би се поделиле одделенијата на помали групи, една група по една недела недела би следела настава во училиште, а другата група да го следи часот онлајн. Ако тоа не е можно, тогаш снимените лекции во текот на денот, би се споделиле со учениците онлајн. Какво и да е нашето решение, укажуваме дека може да се смени и еден ден пред почеток на учебната година, или по почнување, зависно епидемиолошката состојба.“, рече Адеми, додавајќи дека ако епидемиолошката состојба е таква каква што е сега, тогаш училиштата треба да се отворат.
Министерот потенцира дека се прави сеопфатна анализа, да се донесе правилна одлука. Примерите покажале дека повеќе од земјите се охрабриле да ги отворат училиштата, а имало и случаи кога после оваа одлука пак ги затвориле поради појава на заразени ученици и опасност од проширување на ковид 19.
Министерот за здравство Венко Филипче, пак изјави дека став на комисијата за заразни болести е наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија.
АНКЕТА:

Бројот на активно корона заразени во регион на Гостивар падна на 332

Од полноќ поскапуваат горивата

Во подготовка е долгорочен план за управување со дивокозите во НП Маврово

Гостиварец ја нападнал сопругата, приведен е во полиција

Еден од условите да донирате конвалесцентна плазма е да имате над 55 килограми

Студенилото продолжува уште неколку денови

Снег падна во Сахара и Саудиска Арабија

Православен празник Водокрст (Водопост) во чест на крштевањето

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Надминат проблемот на „купувај домашно“ приговори може да поднесуваат и граѓаните на Општина Гостивар

Во тек е исплата на финансиска помош од 100 евра, приговорите се разгледуваат

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

(ВИДЕО) Локал крај патот Тетово-Гостивар полн со танчерки и гости, најден е и пиштол

Какво време не‘ очекува оваа работна недела?

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)

ФОТО ВЕСТ: Полициски час! Гостивар после 21 часот
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 1 месец
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар во тага, го загуби доктор Трајче Нешковски
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Спортпред 3 месеци
Важни победи за ФК Гостивар и Вардар Форино во 7.коло во 2МФЛ
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка