Поврзи се со нас

Гостивар

Во Либан промовиран прототип на електромобил дизајн на гостиварецот Михаел

Објавено

на

Трудот, посветеноста и креативноста донесоа остварување на животната желба на младиот гостиварец Михаел Мерклер, кој се занимава со 3Д дизајн на автомобили. Михаел веќе пет месеци е во Бејрут, Либан и работи како заменик претседател во одделот за дизајн во компанијата Електра. Деновиве компанијата промовираше прототип на спортски електричен автомобил со дизајнерски потпис на 31 годишниот гостиварец.

„Electra Quds Rise е мојот втор прототип, а дизајнот се роди по експлозијата во Бејрут. Со изработката почнав додека се‘ уште бев во Гостивар, а продолжив откако стигнав во Бејрут на крајот на ноември минатата година. Моето патување во Либан беше одложено неколку пати поради коронакризата, два дена пред тргнување, мојот лет беше откажан, па морав да чекам уште неколку дена за повторно да се обидам. Но, ете, конечно можам да кажам дека го живеам мојот сон, сон на секој автомобилски дизајнер, да ја види својата креација во реалниот свет. Би сакал да го искористам овој момент да му се заблагодарам на г-дин Џихад Мухамед кој веруваше во мојата работа и во мојот талент и со тоа што ми даде шанса да работам во неговата компанија го оствари мојот најголем сон. Исто така, голема благодарност до целиот тим на EV Electra кои неуморно работеа на остварувањето на овој проект и не се само мои колеги, туку и моја втора фамилија“, вели Михаел.

Стандардната верзија на промовираното возило ќе биде опремена со 120KW електро мотор , кој ќе биде покренат од 50KW батерија. Максималната брзина ќе изнесува 165 км на час (елекронски лимитирана) со забрзување од 0-100км за помалку од 5 сек. Со едно полнење ќе можете се извозат од 350 до 450 км во зависност од стилот на возење. Цената на автомобилот ќе изнесува 30.000 американски долари. Ентериерот е опремен со екран на допир со големина од 15 инчи, поставен во центарот на конзолата, кој ке служи за пристап кон дополнителните опции на возилото вклучувајќи ја и контролата на клима уредот во автомобилот. Возилото ке биде опремено со неколу камери кои ке овозможат прегледност од 360 степени.

„Нашите инжењери работеа на специјален уред кој ке биде вграден во возилото и ке служи за дезинфекција на внатрешноста на возилото по неговото напуштање. Уредот може да се активира автоматски или преку апликација на вашиот мобилен телефон. Што се однесува до неговото сериско производство, се работи за еден подолг процес, возилото ке помине низ фази на унапредување вклучувајќи и некои минимални измени во изгледот на возилото. Возилото треба да помине низ повеќе тестирања како и негова хомологација, но се надеваме дека тоа ќе се случи поскоро.“, појасни гостиварецот и ни откри дека во план е создавање на уште неколу типа на возила како „супер автомобил“, теренско возило, луксузен Седан,мал градски автомобил и такси возило.

Сподели ја веста:
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Клуб Спорт 77
Гостиварпред 4 недели

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

Македонијапред 5 дена

Денеска е Летник

Македонијапред 2 дена

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 2 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 2 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 3 недели

Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис

Гостиварпред 3 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Гостиварпред 4 недели

„Пациенти“ во Гостивар, урнебесна комедија за брачните „војни“

Гостиварпред 4 недели

Гостивар во спомен на 8 децении од смртта на херојот Злате Малаковски и Февруарскиот поход

Гостиварпред 5 дена

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 2 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 3 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 3 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 6 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 7 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 7 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена