Поврзи се со нас

Гостивар

Во матичната служба во Гостивар лани запишани 1.103 бебиња – 459 од нив се родиле во странство

Минатата година во одделението за водење на матична евиденција во Гостивар биле запишани 1.103 бебиња. Според податоците, 459 од нив се родиле во странство од наши граѓани, коишто потоа ги пријавиле во овдешната матична служба. Останатите бебиња биле родени во гостиварската болница или во болниците во Скопје и Тетово.

„Според нашите евидениции, последниве години има зголемен број на новороденчиња коишто се раѓаат во некоја од странските држави.“, рече Нијази Асани, раководител на матичното одделение.

Ваквата статистика го потврдува загрижувачкиот тренд на иселување на млади семејства од гостиварскиот регион, иако прецизна бројка за тоа колку млади го напуштаат родното место, во потрага по подобар живот, нема.

Добрата вест е што гостиварското подрачје е едно од ретките во земјава кое успева да го задржи стабилното ниво на наталитет и бележи позитивен природен прираст, односно повеќе новороденчиња од починати лица.

Во текот на ланската година, починале вкупно 509 лица.

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!