Две лица завршиле во Полициската станица во Гостивар, откако полицијата нашла дрога кај нив. На Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска во Гостивар од страна на полициски службеници биле лишени од слобода В.А. на возраст од 45 години и Ј.Т. 38-годишен, бидејќи при личен преглед кај нив бил пронајден хероин.
„Лицата биле приведени во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.“, извести МВР.