Поврзи се со нас

Македонија

Во сабота полагање на првиот екстерен испит од државната матура

Објавено

на

Речиси 15 илјади ученици што завршуваат средно образование, оваа сабота ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – мајчин јазик и литература. Новина во оваа учебна година е тоа што наместо во училници, тестовите ќе се полагаат во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање.

Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), организатор на полагањето на државната матура, за јунската сесија се пријавени 10 088 кандидати за испитот по македонски јазик и литература, 4189 за албански јазик и литература и 315 кандидати за турски јазик и литература.

Вториот (изборен) екстерен испит ќе се полага на 8 јуни. Пријавени се 1356 кандидати за математика, 13 198 за англиски јазик, 37 за француски јазик, 114 за германски јазик, 84 за естетика и по еден кандидат за руски јазик и за филозофија.

Според видот на образование, 6341 матуранти се од гимназии, 8230 од стручно и 263 од уметничко образование.

Испитниот материјал ќе им биде доставен на училиштата утрото во деновите кога ќе биде полагањето, а почетокот на тестирањето за двата испита ќе биде во 10 часот. Полагањето ќе го надгледуваат околу 2000 тестатори – наставници кои се ангажирани во други, а не во своите училишта, како и околу 200 набљудувачи од ДИЦ, Бирото за развој на образованието, Министерството за образование и наука и од Центарот за стручно образование и обука.

Во голема просторија ќе има и повеќе тестатори на едно место така што оваа новина ќе овозможи подобра контрола на случувањата во текот на испитот и ќе оневозможи препишувања или масовно споделување на одговори, како што се случи минатата година во група на апликацијата Вибер на испитот по Англиски јазик.

Целта на новиот начин на реализирање на испитите  е самостојно решавање на тестот и почитување на правилата за полагање кои постојат од воведувањето на државната матура во 2007 година (не е дозволено:  користење какви било дополнителни средства  – учебници, хартија, мобилни телефони и други електронски уреди,  консултација со другите матуранти, препишување, недолично однесување кон други лица во просторијата, пишување недолични знаци на тестот или текст кој го открива идентитетот и слично).

Матурантите кои во јунската сесија нема да ја положат државната матура или не во целост ќе може да се пријават за августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 12 и 14 август 2024.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Технологијапред 7 часа

Google Translate сега знае уште 110 јазици благодарение на вештачката интелигенција

Гостиварпред 8 часа

За 15% покачена бројката на вакцинирани деца против голема кашлица во Гостивар

Гостиварпред 9 часа

Плакети и благодарници за крводарителите во Гостивар

Гостиварпред 10 часа

Разрешен директорот на болницата во Гостивар, кој ќе биде назначен за в.д.?

Македонијапред 11 часа

Нови именувања на функционери во Влада, УЈП, Царина…

Македонијапред 11 часа

Управата за водење матични книги ќе влезе под надлежност на Министерството за дигитална трансформација

Гостиварпред 13 часа

Напад од бездомно куче во Пожаране

Македонијапред 14 часа

МојДДВ продолжува со примена, за Граѓанскaта обврзница ќе треба да се врати довербата во системот-рече Димитриеска-Кочоска

Гостиварпред 15 часа

ЦУК: Стабилни водостоите на реките во Тетовско и Гостиварско, патните правци проодни

Гостиварпред 2 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 3 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 2 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 3 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 4 недели

Неуморен автор! Гостиварецот Кипроски промовира уникатна и ретка монографија

Гостиварпред 2 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Невеста и зет на Галичка свадба 2024 се Стефана Димитрова и Даријан Кочоски

Македонијапред 4 недели

Се намалува цената на горивата од полноќ

Гостиварпред 1 недела

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена