Поврзи се со нас

Македонија

Во сообраќајна несреќа загина Благоја Георгиевски – Буштур

Објавено

на

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила ноќеска во Скопје загина македонската кошаркарска величина, Благоја Георгиевски.

Според првичните, инаку неофицијални информации, несреќниот момент се случил во скопската населба Кисела Вода. Со непрописна брзина на движење и дождливиот коловоз, легендарниот Буштур изгубил контрола над возилото излетал од патот и удрил во бетонските блокови поставени покрај булеварот. Починал на лице место.

Благоја Георгиевски е роден на 15. октомври во Скопје. Најголем дел од својата играчка кариера ја помина во Работнички, клуб со кој се натпреваруваше во Првата југословенска кошаркарска лија. Во сезоната 1975/76 популарниот Буштур, заедно со Работнички, стигна и до полуфиналето на Купот на победниците на Куповите.

Георгиевски беше и член на младинската репрезентација на Југославија. А со таа селекција, предводена од Лазар Лечиќ, Буштур ја освои Балканијадата во Ријека одржана во 1970 година. За време на младинското Европско првенство во Атина, нашиот кошаркарски великан го освои четвртото место.

Во 1971 година, беше дел од југословенската сениорска репрезентација која настапи на ЕП во Западна Германија, каде се закити со сребреното одличје.

Георгиевски беше учесник и на Летните Олимписки Игри во 1976 година кои се одржаа во Монтреал. Како составен дел на популарните „сини“, Буштур стигна до олимпиското сребро, што е најголемиот резултат на еден македонски кошаркар во историјата на овој спорт.

По осамостојувањето, Георгиевски работеше и како тренер. Беше и селектор на македонската сениорска репрезентација

Беше член на Управниот Одбор и на Собранието на Македонскиот Олимписки комитет, претседател на Олимпискиот Совет при МОК, а беше и потпретседател на највисоката спортска институција во нашата земја.

Член е на Клубот на Великаните на Македонскиот Олимписки комитет од 1997 година.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена