Гостивар
Во училиштата и градинките во Гостивар ќе се спроведе дезинфекција
Во училиштата и градинките на подрачјето на Општина Гостивар 14 дневниот прекин на наставата за заштита од коронавирус, ќе се искористи за да се изврши дезинфекција во училишните згради и објектите на детските градинки.
„Согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија, настава нема да има 14 дена. Во текот на овој период, Општина Гостивар ќе изврши дезинфекција на сите простории во сите училишта, за непречено да продолжи наставата после 14 дена, ако така решат компетентните органи. Како институција, набавивме заштитни маски за сите вработени во општината кои имаат контакти со граѓаните, како и средства за дезинфекција во сите сектори и одделенија.“, информираше Валбон Лимани, шеф на кабинет на градоначалникот на О.Гостивар
Владата вчера ги зајакна антикорона мерките. Забранети се масовни собири и настани со над 1000 учесници, спортските натпревари ќе се играат без публика, воведена е задолжителна самоизолација на лицата кои доаѓаат од ризичните држави, во период од 14 дена, хигиената треба да биде на највисоко ниво итн.
И од гостиварската локална власт упатија повеќе препораки до граѓаните. „Им препорачуваме на граѓаните, да ја одржуваат личната и колективната хигиена, да избегнуваат контакти и непотребни излегувања од дома, а оние кои патувале во ризичните земји да бидат во самоизолација и ако забележат симптоми, да се јават во здравствените институции“, нагласи Лимани.
На гостиварското подрачје за сега не е регистриран заболен од ковид-19. На единаесет лица кои допатувале кон крајот на минатиот месец од Италија, утре им истекува 14-дневниот период на домашна изолација.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ