Поврзи се со нас

Македонија

Во училиште и понатаму со маски, ковид ризикот ќе се оценува со нова методологија

Објавено

на

Комисијата за заразни болести  предлага нова методологија за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик. Останува на ставот дека е рано да се размислува за укинување на мерката носење заштитни маски во училиштата поради, како што велат, малиот процент на целосно вакцинирано население. Продолжува намалувањето на активните ковид случаи во државата чиј број, како што информираа вчера од Министерството за здравство, изнесува 2248, од кои најголем број 1258 се во Скопје.

– Во однос на училиштата, генерално ставот од претходно беше дека премногу е мал опфатот од вакцинација и се уште е рано за да размислуваме за укинување на таа мерка. Основната дискусија на состанокот денеска беше методологијата што ја предлагаме која ќе биде план за релаксирање на мерките и да се имаат точно одредени параметри врз основа на коишто ќе можеме да ги опуштаме мерките, рече вчера за МИА портпаролот на КЗБ, д-р Злате Мехмедовиќ.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири најави дека кога Комисијата за заразни болести ќе препорача дека учениците не треба да носат заштитни маски во училиштата, МОН тоа ќе го прифати.

– Јас можам да побарам, но факторот што одлучува е Комисијата и таа треба да процени дали маските веќе не се толку важни. За мене е многу важен фактор скринингот што го реализираше Министерството за здравство со Комисијата за заразни болести, кој ни покажа дека имаме добро почитување на мерките од страна на децата и многу мал број заразени деца, рече Шаќири.

Комисијата за заразни болести на вчерашниот редовен состанок предложи нова методологија за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик. Новата методологија што ја предлага Комисијата за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик ќе се темели на три индикатори за период од последните  седум дена:  бројот на новооткриени случаи и бројот на хоспитализации на 100 000 население и процент на исполнетост на здравствени капацитети. Епидемиолошкиот ризик, според предлогот на Комисијата, ќе се класифицира како низок, среден или висок и за секоја од проценетите состојби ќе има сет мерки.

Комисијата во соопштение објасни дека со зголемување на нивото на имунизирано население заради вакцини и прележана болест, поголем дел од инфекциите сега поминуваат асимптоматски или со благи симптоми.

– Затоа во последните недели фокусот околу КОВИД-19 во светот се поместува од вкупни бројки на новооткриени случаи кон број на хоспитализации и оптовареност на здравствениот систем.  Според овие параметри, се предлага епидемиолошкиот ризик да биде класифициран како низок, среден или висок. За секоја од проценетите состојби се предвидува сет од мерки на индивидуално и општествено ниво. На ваков начин сметаме дека според објективни показатели ќе може навремено да се проценува ризикот и да се реагира соодветно во двете насоки, и за олабавување и за заострување на мерките, информира КЗБ.

Согласно одлуката на Владата, од вчера е укината мерката за задолжително поседување КОВИД-19 сертификат за влез во трговски центри/молови. Исто така, сертификатот за прележан КОВИД-19 наместо 45 трае 180 дена, а укината е и одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена