Гостивар
Во возило во Тетово најдени 12 килограми марихуана – апсење и во Гостивар

Вчера околу 14.00 часот во Тетово, на земјениот пат од Фалише кон Сараќино, во паркирано патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 27 годишниот Г.М. од Тетово, биле пронајдени околу 12 кг. марихуана, информира МВР.
Во 17.10 часот бил пронајден и сопственикот на возилото и заедно со неговиот татко 53 годишниот Н.М. биле приведени во СВР Тетово, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаниции и прекурсори“.
Во Гостивар пак, ноќеска, околу 2 часот после полноќ, на ул.„Никола Тесла“, полициски службеници од Полициската станица Гостивар привеле 24 годишник од Долна Бањица, бидејќи при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
По документирање на случаите, против сите нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, најави полицијата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар