Гостивар
Воена вежба во Гостивар на американската и македонската армија под име „Одлучен удар“
Гостивар ќе биде еден од осумте градови во земјава, каде ќе биде спроведена заедничка воена вежба на американската и македонската армија. Вежбата „Одлучен удар”, вклучува интероперативност, интеграција, интеракција, комбинирана здружена вежба, боеви гаѓања, теренски активности, презентација на способности. Според најавите од општината, на први јули на градскиот плоштад ќе бидат изложени воени средства на двете армии.
Со цел успешна реализација на активноста, денес во општината, градоначалникот Арбен Таравари оствари средба со високи претставници на Канцеларијата за воена соработка со САД – Европска команда, Министерството за одбрана, раководството за организирање на воената вежба и Секторот на сообраќајна полиција при Полициската станица во Гостивар.
“Им благодарам на гостите што го избраа Гостивар за реализација на оваа воена вежба која ја отсликува соработката во областа на безбедноста на земјата со нашите западни сојузници, особено со Соединетите Американски Држави. Ние како Општина ќе ги ставиме на располагање сите расположливи капацитети и оваа здружена воена вежба ќе ја има нашата максимална логистичка поддршка”, стои во изјавата на градоначалникот Арбен Таравари.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар