Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 13/02/2019 | 23:29

Вонредна седница на Советот на општина Гостивар – Ќе се прогласи тридневна жалост

Советот на општина Гостивар утре (14.02.2019) ќе одржи вонредна седница по повод големата трагична сообраќајна несреќа која однесе 13 човечки животи, а над 30 лица се повредени.

„На утрешната седница, се очекува советниците да донесат одлука за прогласување на тридневна жалост во знак на почит кон загинатите. Општина Гостивар, на семејствата на загинатите им изразува сочувство, а на повредените што поскоро целосно оздравување.“, се вели во општинското соопштение.

Вонредната седница ќе започне во 12 часот.

Напишете коментар