Поврзи се со нас

Гостивар

За 15% покачена бројката на вакцинирани деца против голема кашлица во Гостивар

Објавено

на

Вакцините се основен столб во здравствената заштита на децата, осигурувајќи имунитет против сериозни заразни заболувања како што е пертусисот. Сепак, дебатата околу вакцинацијата, особено во врска со безбедноста и ефективноста, неуморно продолжува да влијае врз родителите и медицинските лица.
Во последно време, забележана е зголемена заинтересираност за вакцинирање на деца против големата кашлица, а едновремено се следи текот на оваа инфективна болест.

Дилемата на родителите околу вакцините се’ уште е присутна, но дел од нив сметаат дека нема ништо спорно околу вакцините.

“Јас ќерка ми ја вакцинирав поради мерките на владата. Јас и сопругот сме во работен однос, по истекот на моето пост породилно право, немаше кој да ја чува Амра, па единствена опција ни беше градинката. Ние имаме многу лошо искуство со пандемијата, и покрај тоа што блиските ни беа вакцинирани, завршија летално. Во ред, тие се бореа со вирус кој не беше познат, но сепак.. Да бидам искрена, не знаев кои се придобивките и штетите од вакцинирање и невакцинирање, но, сепак бев решена да не ја вакцинирам Амра се’ до донесувањето на новите мерки од владата. Амра засега не покажала никакви несакани појави и треба да ја прими втората доза, па се надевам дека нема да има никакви проблеми во иднина.”-изјави Бахар, мајката на малата Амра.

“Стефан треба да го носиме на ревакцинирање. Бидејќи и другите две деца се вакцинирани со сите вакцини кои им следуваа, и не покажаа никакви несакани реакции, решивме да продолжиме со истата практика и за Стефан. Мерките од владата ги оправдувам, бидејќи родителите треба да ги вакцинираат децата, на овој или на оној начин, бидејќи и вие сами ја гледате ситуацијата со големата кашлица.”-изјави Зоран, таткото на четири годишниот Стефан.

Во регионот на Гостивар од први до петти месец оваа година се вакцинирани 510 деца, а биле планирани 567 деца. За разлика од лани, оваа година бројот на вакцинирани деца се покачил за 15%.

По тој повод, разговаравме со доктор Дафина Богданоска-Влаховска, докторка на одделот за вакцинации во Гостивар, која даде свое мислење на оваа тема:


Д-р.Дафина Богданоска-Влаховска

  • Што мислите, кои беа причините за родителите да ги вакцинираат децата? Мерките на владата или ширењето на болеста?

Д-р. Дафина: “Сметам дека и мерките на владата, но, и ширењето на болеста имаат свој придонес во зголемувањето на бројката на вакцинираните деца. Мерките на владата дадоа резултат со тоа што влијаеа на запишувањето на децата во градинките и во училиштата. Исто така, сметам дека родителите малку несериозно го сфаќаат ширењето на болеста и не се свесни за опасноста што ја предизвикува. На некој начин дозволија враќање на заборавените болести што беа искоренети во нашиот регион. Родителите се тие кои треба да ги заштитат своите деца од овие заразни болести кои што се вратени, а не мерките на владата.”

  • Дали сте задоволни од досегашниот процент на вакцинирани деца во Гостивар?

Д-р. Дафина: “Во последните 7 до 10 години, процентот на вакцинација постепено се намалува, можеби причината за тоа се антиваксерите и погрешните информации што ги добиваат родителите од социјалните мрежи. За да биде заштитено населението и да се одржи колективниот имунитет, процентот на вакцинација треба да биде над 95% . Последните години, особено со Короната, процентот на вакцинација на сите вакцини што ги даваме се намали дури на 76% . Последните две години постепено се враќа довербата во вакцините, а, и родителите веќе се свестат заклучно со мерките кои ги презема владата. Исто така, со нашиот труд за едукација и насока кон придобивките од вакцинирањето, процентот на вакцинација се зголемува, но сепак бројката на вакцинирани деца во Гостивар не е задоволителна.”

  • За разлика од минатата година, оваа година бројот на вакцинирани деца е покачен за околу 15%. Што апелирате до родителите?

Д-р. Дафина: “Точно, процентот е покачен, но, не е задоволителен. Апелирам до родителите и нивните блиски, информациите околу вакцинацијата, придобивките од вакцинирањето, календарот на вакцинација, за безбедноста на вакцините, да ги црпат од релевантни извори што ги има на страницата на Министерството за здравство, “Мал мед”-агенцијата за лекови, вакциналните пунктови и од оние што се професионалци кои што работат со имунизација. Секогаш сме достапни за граѓаните, можат да дојдат на пунктовите за вакцинација и ќе ги добијат информациите што ги интересираат.”

Даница Среткоска

 

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 3 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 3 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 3 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 4 недели

Неуморен автор! Гостиварецот Кипроски промовира уникатна и ретка монографија

Гостиварпред 2 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Невеста и зет на Галичка свадба 2024 се Стефана Димитрова и Даријан Кочоски

Гостиварпред 2 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Македонијапред 4 недели

Се намалува цената на горивата од полноќ

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена