Гостивар
За 5 часа изречена 161 мерка за пребрзо возење на тетовско-гостиварското подрачје

Во рамките на континуираните активности на СВР Тетово за поголем ред и безбедност на патиштата денеска (17 декември) од 10 до 15 часот беше спроведена акциска контрола за брзина, во која се откриени и законски санкционирани 96 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-54 и ГВ-42), информираат од МВР.
Пет од пречекорувањата на брзината биле за повеќе од 70 километри на час (ТЕ-3 и ГВ-2), 25 до 70 километри на час (ТЕ-10 и ГВ-15) и така натаму. Покрај ова, санкционирани се и 65 пречекорувања на брзината во населено место (ТЕ-43 и ГВ-22), како и 2 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци. На сите возачи-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци и ќе се соочат со адекватни парични глоби и со заштитни мерки, зависно од големината на пречекорувањето, односно со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.
На државно ниво денес се изречени вкупно 763 санкции за брзо возење.
СВР Тетово повторно со апел до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и целосно да ги почитуваат сите важечки знаци, правила и прописи, со што непосредно ќе придонесат за посигурни патишта во регионот и пошироко.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава