Поврзи се со нас

Македонија

За две недели, рецептите за лекови ќе важат само со лична карта или пасош

Објавено

на

Од први октомври, подигање на лекови од аптеките на товар на Фондот за здравство, ќе се врши само ако со рецептот се приложи и лична карта или пасош.

Од Фондот за здравствено осигурување информираа дека, лекови ќе може да се земаат и за друг член од семејството,  при што тој што го подига лекот, треба да покаже своја лична карта, и да го каже бројот на лична карта на лицето за кое е наменет рецептот. Документ за идентификација на пациентот ќе му биде потребен и при препишување на терапијата кај лекарот.

Од следниот месец почнува и укинување на квотите во сите градови, што значи дека лекови на рецепти би требало да има во текот на целиот месец, а не како досега, кога заради исполнетите квоти по одреден ден во месецот, аптеките остануваат без лекови за осигурениците.

Фондот најавува дека во иднина ќе се воведуваат електронски рецепти. „Работиме на имплементација на соодветно електронско решение со кое ќе се олесни административното работење на здравствените установи при пропишување и издавање на лекови на рецепт, во интерес на поефикасна и подостапна здравствена услуга на осигурените лица.“, соопшти ФЗО.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена