Вести
За легендарната Веспа: Од возило за воени потреби, до најпознатото „брмчало“ во светот

На вчерашниот ден, пред точно 75 години, регистрирана е првата Веспа во Италија. Веројатно, само во Италија е можно возило произведено за воена употреба да прерасне во еден од синонимите за превоз, добар стил и мода.
Со продадени повеќе од 16 милиони примероци, Веспа заработи легенда и стана синоним за стил, мода и италијански дизајн. Потсетува на убави луѓе на прекрасни места, па затоа одличниот Федерико Фелини во своето ремек-дело „ Ла Долче Вита“ ја возеше ѕвездата на филмот, Анита Екберг.
Создавањето на Веспа беше инспирирано од мали мотоцикли кои беа фрлани со падобран од сојузниците во северна Италија во Втората светска војна за да служат во борбата против Германците.
Креатор на Веспа, или најзаслужен за неговото создавање, е Енрико Пјаџо, кој по војната одлучи да дизајнира мотор погоден за движење низ оштетените и демолирани италијански градови. Првиот ваков мотоцикл е регистриран на 23 април 1946 година, а Пјаџо го нарекол Веспа, што на латински значи „оса“.
Првата јавна презентација на Веспа се одржа во 1946 година на Саемот за дизајн во Милано и предизвика бран на создавање на слични возила ширум светот. Така, Јапонците наскоро започнаа да произведуваат „Fuji rabbit“, а Британците и Германците направија некои верзии на нивната веспа. Сепак, ниту едно од овие возила никогаш не се приближи до популарноста на италијанската убавица.
Првиот модел започна да се продава со голема брзина, па веднаш се продадоа околу 2.500 примероци, што е многу голема бројка за тоа време. Piaggio веднаш произведе и посилен модел, и Веспа стануваше се повеќе и повеќе популарна во текот на годините, па во 1956 година произведен е милионскиот примерок на Веспа. Четири години подоцна, тој број се удвои, со што Веспа стана светски мото феномен .
Поради својата популарност и дизајн, не му требаше долго на овој скутер да ги освои насловните страници на разни списанија поврзани со модата и стилот. Но, тоа не беше сè, бидејќи Веспа наскоро беше прифатена и од Холивуд, а најпрво беше промовирана од Грегори Пек и Одри Хепберн во филмот „Одмор во Рим“ . По нив, многу познати личности како Ракел Велч, Хенри Фонда, Антонио Бандерас направија „имиџ“ Веспа на филмското платно.
Надвор од Италија, Веспа го постигна својот најголем успех во Велика Британија, а уживаше посебна популарност во 1960-тите. И денес Веспа успешно се продава во светот, така што оваа италијанска убавица и по 75 години ќе продолжи да „брмчи“ по улиците низ светот.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо