Поврзи се со нас

Гостивар

За половина година 60-тина разводи во Гостивар – Станува ли бракот инстант категорија?!

Објавено

на

Современиот начин на живот, изменетите вредности и напуштањето на традиционалните норми водат кон зачестени разводи, алармираат психолозите. На гостиварското подрачје во првата половина од годината се развеле шеесетина парови, бројка којашто не е за занемарување.

Обично се работи за помлади брачни парови, кои реагираат брзо и често непромислено во одлуките, оценуваат стручните лица.

„Генерално може да кажам дека катастрофа е со бракоразводи, многу ги има. Мое лично објаснување е дека се работи за еден бран на нова генерација која на некој начин се ослободила од да ги наречеме, старите норми на однесување. Тоа е една разгалена генерација без адекватни обрасци на однесување и решенија за конфликтите што се јавуваат. Родителите не можат да се справат со младите-децата, тие не примаат совети, многу брзо донесуваат одлука да склопат брак, без да се свесни какви обврски и што се тоа носи. Многу брзо и се разведуваат, има примери на парови кои се разведуваат за неколку месеци, или по година дена. Ова е буквално епидемија на разводи и ќе трае.“, вели Билен Карахасан, психолог во Центарот за социјална работа Гостивар.

На ниво на целата држава годишно се регистрираат по околу 1.800 разводи, а Гостивар е еден од регионите со најголема стапка на распаднати бракови.

Минатата година, Гостивар ја заокружи со околу 120 разводи. Најголемиот дел од нив меѓу помлади парови со малолетни деца.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена