Занимливости
За што служи оној мал, навидум „бескорисен“ џеб на фармерките?

Многумина повремено се прашуваат – која била првичната цел на малиот, минијатурен џеб над обичниот џеб на фармерките кај колкот, каде што и денес се чуваат ситни дребулии?
Историјата вели дека ова џепче имало неколку различни употреби… Компанијата „Леви’с“ првпат го додала уште во 1873 година. Но, овој тип фармерки, под назив „Лот 51“, е пуштен во продажба во 1890 година.
Историчарката Трејси Панек појаснува дека џепчето првично било наменето за џебните часовници, коишто биле особено популарни во тоа време во САД.
На овој начин, на пр., каубојците-фармери си ги чувале часовниците да не им паднат од панталоните додека јаваат коњ и извршуваат други потешки работи на ранчот.
Денес, речиси никој веќе не носи вакви часовници, но „Леви’с“ одлучи да го задржи малиот џеб за да го зачува првичниот оригинален изглед на фармерките. Нивниот дизајн не е многу променет од 19. век до денес.
– Исклучок беше она кога извадија некои од малите метални делови за време на Втората светска војна, бидејќи требаше да го зачуваат металот за воени цели. Меѓутоа, подоцна почнаа повторно да ги додаваат на фармерките, вели Трејси.
Следејќи го трендот, и други модни брендови почнаа да додаваат мали џебови на нивните модели панталони.
- Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
- Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
- Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
- Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
- Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја