Поврзи се со нас

Здравје и убавина

За сите бивши и активни пушачи, намирници кои го чистат организмот од никотин

Објавено

на

Ако сте престанале да пушите или сте страствен пушач, најбрзиот начин да го исчистите вашето тело од никотин е со помош на оваа храна.

Спанаќ

Фолната киселина е многу важна за нормално функционирање и развој на организмот, но исто така му помага на организмот да се ослободи од никотинот. Големи количини на фолна киселина се наоѓаат во спанаќот.

Брокула, карфиол и зелка

Овој зеленчук е исклучително здрав. Покрај тоа што содржи полифеноли, за кои се покажало дека се корисни во намалувањето на различните воспаленија во дигестивниот тракт, тој содржи и антиоксиданти кои го чистат телото од бројни токсини. Гответе ги што е можно пократко за да ја зачувате целата нивна хранлива вредност.

Зелен чај и витаминска вода

Со пушењето, телото ја губи потребната течност и станува многу побрзо во состојба на дехидрација. Пиењето голема количина домашна витаминска вода (со ѓумбир, краставница, нане и лимон) што лесно можете да ја направите сами, како и зелениот чај полн со антиоксиданси, го исфрла никотинот од организмот.

Моркови

Никотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. Ако сакате да се ослободите од овие грди несакани ефекти од пушењето, јадете што повеќе моркови. Содржи големи количини на витамини А, К, Ц и Б кои се главните средства за чистење на организмот. Исцедете го морковот во соковник измешан со јаболко и лимон или изрендајте го во салата.

Киви, лимон и портокал

Освен вода, пушењето ги отстранува витамините А, Ц и Е од организмот, кои го зајакнуваат имунитетот и му помагаат на организмот во борбата против разни инфекции и бактерии. За да ги надоместите изгубените витамини, посегнете по киви или испијте чаша лимонада. Сокот од портокал го хидрира телото, му ги обезбедува потребните витамини, но исто така го чисти и организмот од никотин. Исцедете два портокали, додадете малку вода и пијте помеѓу оброците.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена