Поврзи се со нас

Вести

За три месеци во Кина исчезнаа 21 милион мобилни корисници, се кријат ли жртви?

Објавено

на

Од самиот почеток на Коронавирусот кој се појави во кинескиот град Вухан, пандемијата уби 53.179 луѓе на глобално ниво и зарази 1.017.693 лица. Неодамна, бројот на починати во Италија го надмина епицентарот на избувнувањето во Кина, каде официјално починаа 13.915 лица како жртви на КОВИД-19.

Но, неодамна властите во Пекинг објавија, поточно на 19 март 2020 година дека повеќе од 21 милион мобилни сметки се откажани, додека во изминатите три месеци во Кина се затворени 840.000 фирми, што дава идеја дека веројатно овие бројки им припаѓаат на луѓето кои починале поради болеста.

Танг Јингјуан, кинески репортер со седиште во САД, за „The Epoch Times“ на 21 март изјави:

“Нивото на дигитализација е многу високо во Кина. Луѓето не можат да преживеат без мобилен телефон. Справување со пензии и социјално осигурување, купување билети за воз, шопинг… без оглед што сакаат луѓето да прават, од нив се бара да користат мобилен телефон. Кинескиите власти бараат сите Кинези да ги користат своите мобилни телефони за да генерираат здравствен код. И ако само поседувате зелен здравствен код дозволено ви е движењето во Кина сега. Невозможно е некое лице да го откаже мобилниот телефон“.

Статистики за телекомуникациите во Кина

Кинеските органи воведоа задолжителни скенирања на лицето на 1 декември 2019 година, за да се потврди идентитетот на лицето кое го регистрирало телефонот. Луѓето во Кина исто така треба да ги синхронизираат своите банкарски сметки и сметката за социјално осигурување со нивниот мобилен телефон бидејќи сите апликации можат да ја детектираат SIM картичката и потоа да проверат со базата на податоци за да се уверат дека тој број му припаѓа на лицето.

Во Кина, задолжително е да инсталирате апликација за мобилен телефон и да ги внесете личните здравствени информации. Апликацијата може да генерира QR код кој може да биде во три бои за да се класифицира здравствената состојба на лицето. Во овој случај, црвено значи дека лицето има заразна болест, додека жолтата и зелената боја претставуваат можност за заразна болест и нема знаци на таква болест.

Пекинг тврди дека токму оваа апликација и овој код помогнале Кина да го спречи ширењето на коронавирус во земјата каде 82.464 лица се заразиле со КОВИД-19.

Што е со изгаснатите околу 21 милиони сметки за мобилни телефони?

На 19 март, кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија (МИИТ), го објави бројот на корисници на мобилни телефони за секоја провинција за февруари. Кога овие бројки ги споредиле со податоците во декември 2019 година, се откри дека и корисниците на мобилни телефони и корисниците на фиксни апарати драстично опаднале.

Споредбата покажала дека бројот на корисници на мобилни телефони се намалил од 1.600957 милијарди на 1.579927 милијарди, додека корисниците на фиксната мрежа се намалиле од 190,83 милиони на 189,99 милиони.

Можно е дека карантинот на национално ниво во февруари е причина за падот на бројот на корисници на фиксната мрежа, бидејќи многу компании, бизнис центри беа затворени, но карантинското сценарио не може да биде причина за падот на корисниците на мобилни телефони.

Треба да се напомене дека според извештаите, China Telecom е вториот по големина оператор што изгубил 5,6 милиони корисници во февруари 2020 година и изгубил 0,43 милиони корисници во јануари 2020 година. China Unicom исто така изгуби 1,186 милиони корисници во јануари 2020 година.

Додека падот на овие бројки креира сосема ново, драматично сценарио во Кина, Танг објаснува:
„Можно е некои работници мигранти, да имале по два броја за мобилни телефони. Едниот личен, а другиот е од местото каде работат. Во февруари, тие можеби ги исклучиле броевите од местото каде работеле, бидејќи не можеа да одат таму “.

„Можно е овие работници да заминале во родните места за кинеската Нова година и по забраната за патување, немале шанса да се вратат во Кина. Треба да се напомене дека во Кина има и месечна претплата за одржување на сметка за мобилен телефон и поголемиот дел од работниците мигранти, кои припаѓаат на групата со најниски приходи веројатно имаат само една сметка за мобилен телефон“.

„Економскиот пад предизвикан од појавата на епидемијата може да влијае врз Кинескиот народ, кој има по два мобилни телефони да откаже еден од нив“.

Додека го појаснува сценариото во Кина, Танг заклучува:
„Во моментов, ние не ги знаеме деталите на податоците. Но, ако сме само 10 проценти во право и само 10 проценти од мобилните сметки биле затворени, бидејќи корисниците починале од коронавирусот, бројот на жртвите би бил два милиони “.

Извор:
Internacional Business Times

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена