Вести Гостивар
За вакви натпревари постои кошарката – МЗТ Скопје има 2-0 против КК Гостивар

Како што беше повикот на КК Гостивар пред вечерашниот натпревар, така и се покажа. Кој беше виде, кој не беше ќе му раскажуваат. КК Гостивар загуби од МЗТ Скопје 86:92, но публиката го виде она што најмногу го посакува, борба до последен атом на силите и покрај поразот со аплаузи ги поздрави кошаркарите.
Гостивар по којзнае кој пат покажа дека живее за кошарката. Спортската салата беше полуполна на час и половина пред натпреварот. Пред самиот почеток на мечот беше претесна да ги собере сите љубители на кошарката од регионот, па органите на редот беа приморани да ги затворат влезовите.
Енергијата од трибините се пренесе и на теренот. КК Гостивар одлично го отвори натпреварот и ја доби првата четвртина, но долгата клупа, големиот ростер, предноста на сите позиции ја искористија гостите од Скопје и го свртеа резултат во своја полза. Полувремето заврши 35:50.
Како се приближуваше крајот така МЗТ изгледаше дека рутински ќе го завршат натпреварот имајќи 19 поени разлика, но кошаркарите на Гостивар не го делеа истото мислење. Во ниту еден момент не помислија да се предадат. Влегувајќи во серија од 24-6 се стопи разликата на гостите. Тоа беше знак Младост да еруптира, атмосфера каква не може да се пренесе со зборови. Храбрата игра на „бело-сините“ само дополнително го распалуваше вулканот Младост – дури на минута пред крај резултатот беше 78:79… Се случи, што се случи „штрковите“ ја однесоа победата и се на чекор до финалето. Потребна им е само уште една победа.
Напомена: Видеото е поставено со цел да се пренесе атмосферата од Младост, најмалку да се омаловажи некоја од екипите.
Дамјан Стојаноски со 30 и Иве Иванов со 23 поени беа најрасположени кај МЗТ, Ефианаи со 21 и Костоски со 20 беа најпрецизни кај гостиварци.
Ретки се моментите каде милениците се поразени, а публиката задоволна. Ова беше еден од тие натпревари.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја