Поврзи се со нас

Гостивар

Забрана за ловење дивеч, полицијата ќе контролира на ловиштата во гостиварско

Објавено

на

Од први овој месец на ловиштата во поширокиот Полошки регион стапи во сила таканаречениот ловостој, односно воведена е забрана за ловење дивеч, освен прелетна и штетна дивеч.

Штетната дивеч, според Законот за лов, ќе може да се лови исклучиво со групни дозволи, односно во посебно организирани хајки.

Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека ловењето во период на ловостој претставува кривично дело „незаконит лов“, за кој е предвидена парична или затворска казна од една до три години, во зависност од тоа каде и што поконкретно е отстрелано.

На ловџиите им се укажува, исто така, нивното оружје да не го даваат на користење на други лица, без разлика дали тие лица поседуваат или не валидни дозволи, зашто тоа е спротивно на законската регулатива.

Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до ловџиите и риболовците доследно да ги почитуваат законските прописи и самоволно да не ги кршат, дотолку повеќе што веќе се интензивирани контролите на полошките простори и против сите кои на еден или друг начин ќе се однесуваат спротивно на законот, ќе следуваат поднесоци и соодветни санкции.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена