Вести
Зачестија пожарите на отворено во гостиварско – апел до земјоделците и излетниците
Изминатите две недели во гостиварскиот регион и на поширокото полошко подрачје зачестени се пожарите на отворен простор каде гори сува трева, нискостеблеста вегетација и дрвја. По полињата пак, можат да се забележат потпалувања на стрништа, меѓи и отпадоци од чистењето на нивите. Поради тоа, како и поради зголемената раздвиженост во околните шуми на подрачјето, Секторот за внатрешни работи повторно апелираше до земјоделците и сите други кои од најразлични потреби се движат на нивите или во шума да се воздржат од палење огнови и да не фрлаат неизгаснати опушоци или догорчиња.
„Ова, подеднакво се однесува и на излетниците, дрвосечачите, сточарите кои престојуваат или работат во шумите, зашто доволно е мала искра за да пламне огнена стихија од големи размери и со несогледливи последици. Уште еднаш потсетуваме дека предизвикувањето пожар, намерно или од невнимание, претставува кривично дело за кое е предвидена и повеќегодишна затворска казна.“, наведуваат од СВР.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар