Гостивар
Занаетчиите ќе добијат по 60.000 денари за набавка на алати и репроматеријали

На предлог на Министерството за економија Владата денеска ги усвои измените на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво со што се зголемија средствата за поддршка на занаетчиите.
-Финансиската поддршка за мерката за набавка на алати и репроматеријали за занаетчиите се зголемени од претходно предвидените 12 милиони денари на 20 милиони денари. Исто така со измените на Програмата зголемена е и финансиската поддршка по апликант, стои во известувањето на владината прес служба.
Имено, со оваа мерка сега се предвидува надоместување на 60 проценти од трошоците на занаетчиите или максимум 60.000 денари направени за набавка на алати и репроматеријали по апликант. Претходно беше предвидена финансиска поддршка од максимум 30.000 денари по апликант.
Право на учество ќе имаат занаетчии регистрирани согласно Законот за занаетчиство и ги исполнуваат условите кои ќе бидат дефинирани во Јавниот повик кој, според ресорното Министерство, ќе биде објавен во наредните денови по усвојувањето на ребалансот на Буџетот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче