Гостивар
Започнаа работите за изградба на нов покрив на ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар
Викендов што измина отпочнаа работите за изградба на нов покрив на Основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар. Конечно се решава повеќедеценискиот проблем на ова училиште, кој им создаваше маки на учениците и вработените, особено наесен и во зима кога во училниците настава се држеше со кофи, поради прокиснување.
Новиот кров се гради со заеднички проект на Општина Гостивар и УНДП. Вкупната сума на проектот е 300 илјади евра, од кои општината обезбеди 100 илјади, додека 200.000 доаѓаат од УНДП.
При најавата на проектот, на почетокот на учебната година, беше речено дека училиштето ќе добие зелен кров, којшто ќе се користи и за практична настава по биологија или ботаничка градина.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените