Гостивар
Заседаваше Штабот за заштита и спасување на Маврово и Ростуше – утврдени критични точки, институциите на готовс
По најавите на метеролозите за продолжување на обилните врнежи и за силно невреме во наредните денови, денес заседаваше Општинскиот штаб за заштита и зпасување на Општина Маврово и Ростуше со кој претседава градоначалникот, Медат Куртовски. Целта на состанокот беше навремено да се подготват и преземат превентивни мерки и активности, со кои би се спречиле несакани последици.
„Се утврдија критични точки каде што може да има одливање на вода од речните корита како што се река Радика, Жировничка река и други речни корита како и критични точки каде може да има свлечишта и одрони од земја. Се разгледуваа можни активности за делување со механизација за да се заштитат регионалниот и локалните патишта по населените места. За таа цел деноноќно ќе се следи целокупната состојба на целата територија на Општината со посебен акцент на критичните места, како и ќе се биде во постојана координација со сите јавни институции, Претседатели на МЗ и претпријатија кои ги има општината ангажирано со механизација да делуваат при евентуална непогода.“, известија од локалната самоуправа.
На состанокот присуствуваа и претседателот на Советот на општината Алил Алили, командирот на ПС Ростуше Решат Мурати, директорот на Здраствен Дом, Омер Дурмиши, зам.дир на ЈПКД Маврово, Кемал Исметович, директорот на СОУ Исмет Абдули, секретарот на општината Осман Сејдиу и Диди Џафери самостоен референт за Заштита, спасување и управување со кризи.
До граѓаните е испратен апел, да не остануваат на отворен простор или под осамени дрва, во случај на електрично празнење, во наредните 48 часа да избегнуваат непотребни излегувања пеш или со нивните возила, посебно покрај речните сливови, во случај на појава на определени загрозени и поплавени зони и подрачја, да покажат смиреност и да соработуваат со стручните екипи во насоки за правовремена евакуација и постапки за својата лична безбедност и сигурност.
Отворени се и телефонски броеви, за информрање на службите за навремено справување со несакани последици:
042 478 815 – Општина Маврово и Ростуше.
075 380 138 – Диди Џафери, Самостоен референт за Заштита, спасување и управување со кризи.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар