Поврзи се со нас

Спорт

Заврши сезоната за КК Гостивар, годинава на 5-тата позиција

Објавено

на

Заврши натпреварувањето во сезоната 2021/2022 за екипата на КК Гостивар. „Бело-сините“ во вчерашниот директен дуел за пласман во Плеј-оф загубија од ТФТ Скопје 87-80 и сезоната ја завршуваат на 5-тата позиција на табелата во Првата македонска кошаркарска лига.

Гостиварци имаа свои шанси на натпреварот да се најдат помеѓу топ 4, првиот дел целосно им припадна надигрувајќи го противникот, но немаа доволно сили во вториот, каде ТФТ притисна со сите сили, целосно свртувајќи го натпреварот за историски пласман во завршниот Плеј-оф. Не може, а да не се спомене вчерашната феноменалната спортска атмосфера во СЦ Кале, која сезонава можеа да ја приредат само овие два клуба.

КК Гостивар и гостиварци нема многу по што да ја паметат оваа сезона, и најверојатно ќе остане забележана по големиот број на локални играчи во тимот и по инцидентот со Пелистер. Пласманот едно место погоре во споредба со претходната сезона може да се земе како успех, но во споредба со минатите сезони каде КК Гостивар беше редовен учесник во Ф4, и завршуваше на 2., 3., и 4. позиција, од денешна гледна точка изгледа недостижно.

Како и да е, градот Гостивар останува врежан на спортската мапа во државата единствено преку Кошаркарскиот клуб Гостивар, гостиварци и сезонава имаа можност да се гордеат со својот клуб и бидат рамо до рамо со Скопје, Кавадарци, Битола, Куманово, Гевгелија во најелитното кошаркарско натпреварување.

Набрзо ќе дојде почетокот на новата следна 2022/2023 сезона, и ако некој во Гостивар и регионот заслужи искрена поддршка, тоа е Кошаркарскиот клуб Гостивар.

Gostivarpress.mk во сезоната 2021/22 на Кошаркарскиот клуб Гостивар му посвети 117 авторски текстови и 16 фоторепортажи.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена