Поврзи се со нас

Македонија

Здружението ОНЛАЈНМЕДИА бара интернет порталите да најдат место во законот за медиуми, а дискриминирачките одредби од изборниот законик да се отстранат

Објавено

на

Здружението за заштита и унапредување на интернет медиумите ОНЛАЈНМЕДИА ја информира јавноста дека и покрај јавно декларираната заложба на сите релевантни политички субјекти, на новинарските здруженија и на новинарската заедница за регулација на онлајн-медиумите, неизвесно е дали интернет порталите ќе најдат свое место во измените на Законот за медиуми коишто се најавуваат.

Група од триесеттина влијателни интернет медиуми, сега членови на здружението ОНЛАЈНМЕДИА, повеќе од една година упорно водат разговори со сите релевантни фактори, во обид да го афирмираат барањето интернет порталите во Законот за медиумите да добијат статус на медиуми и и да се пропише обврска за нивна регистрација според критериуми и во постапка утврдена со Законот.

Во овој момент, за жал, не можеме да детектираме кој и со какви мотиви пружа неразумен отпор кон оваа иницијатива, наспроти општото јавно мислење дека е неопоходно законски да се регулира статусот на овој сегмент од медиумската индустрија, кој, како што потврдија и последните истражувања, има доминантно влијание во информирањето на граѓаните.

Здружението ОНЛАЈНМЕДИА предупредува и на фактот дека се предлагаат законски решенија за селективна финансиска поддршка на т.н. традиционални медиуми, кои се дискриминирачки кон интернет медиумите и неодржливи од аспект на намената на тие средства. Ја известуваме јавноста дека начелен и принципиелен став на здружението Онлајнмедиа е секој облик на насочување народни пари кон медиумите да биде разумен, неселективен, недискриминирачки, одржлив и наменет првенствено за поддршка новинарите и на другите медиумски работници, а не на сопствениците на медиумите. 09 Ноември 2023 година Здружение за заштита и унапредување на интернет медиуми ОНЛАЈНМЕДИА Адреса: ул. Кеј 13 Ноември бр. 8/2-3 | Контакт e-mail: [email protected]

Исто така, ја информираме јавноста дека во измените на Изборниот законик, што ги подготвила работна група и ги испратила до политичките партии, сѐ уште се задржани одредби коишто се смислени со цел да ги дискриминираат интернет порталите, на тој начин што ги ограничуваат субјектите во изборната кампањата финансиските средства добиени од државата слободно да ги насочуваат кон медиумите по сопствен избор.

Така, во членот 76-д од овој закон, во точката 8 и натаму стои: „Вкупната сума која еден учесник може да ја потроши за медиумско претставување на сите електронски медиуми (интернет портали) и печатени медиуми, не може да опфаќа повеќе од 25% од распределените финансиските средства за платено политичко рекламирање“.

Во разговорите со претставници на Владата и на повеќе политички партии, претставници на здружението ОНЛАЈНМЕДИА укажаа дека во ова законско решение евидентно се препознава намерата на законодавецот да фаворизира одредени медиуми на сметка на други, за што нема никаква основа во реалноста, а ниту пандан во респективните изборни законодавства во светот.

Бараме оваа крајно волунтаристичка одредба од Изборниот законик целосно да се укине. Учесниците во кампањата треба слободно да одлучуваат во кои медиуми ќе се рекламираат. Се противиме и на низа други постоечки решенија, но и на некои нови предлози за измени на Изборниот законик, чија цел е и понатаму да опстане добро познатата коруптивна практика на одлевање народни пари преку нивно насочување кон предизборно клонирани и размножени интернет медиуми.

Нагласуваме дека претставници на ОНЛАЈНМЕДИА на претседателот на Државната изборна комисија и на претставници на поголемите политички партии им укажаа на неодржливоста на овие законски решенија коишто ја поттикнуваат сивата економија во медиумите, а исто така им предложија и конкретни решенија за подобрување на Изборниот законик.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Македонијапред 7 минути

Субвенции за покачување на платите во приватниот сектор за 3.000 до 10.000 денари

Вестипред 39 минути

Православен празник во спомен на Светиот апостол Матеј

Занимливостипред 12 часа

Расположението се менува и под влијание на боите

Гостиварпред 15 часа

Матевска: Ние сме единствена земја во светот каде пензионерите протестираат, не се издржува!

Македонијапред 17 часа

Од 1.500 до 3.000 денари месечно државна помош за пензионерите со ниски пензии

Македонијапред 18 часа

Антикризни мерки: За ученици по 20/30 евра месечно, за студенти ваучер за превоз…

Македонијапред 19 часа

МВР трага по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, објавени фотографија и опис

Македонијапред 20 часа

ДЛ: Во четврток ќе се празнува среќата, ќе се слави музиката од 1990-те и 2000- те, ќе се потсетуваме на едно убаво време!

Македонијапред 21 час

Повлечена пакувана вода ризична за луѓето

Животпред 4 недели

Дворот на Василески во Гостивар е рај за очи и душа! Уникатно катче кое дише со љубов и внимание

Што, како, каде?!пред 4 недели

Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила

Гостиварпред 2 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 4 недели

Пензионерите во Гостивар учеа како самостојно и безбедно да користат интернет

Гостиварпред 4 недели

Здружението „Д-р Трајче Нешковски“ и Општина Гостивар заедно за поддршка на децата со попреченост

Гостиварпред 4 недели

Протест на пензионери во Гостивар: Не може да се опстане со 10-12 илјади денари пензија!

Гостиварпред 4 недели

Семејството е во криза, се‘ повеќе разводи во Гостивар, бракови се растураат како кула од карти

Гостиварпред 4 недели

ОВР Гостивар лиши од слобода 3 лица под сомнение за дивоградба

Гостиварпред 6 дена

Потресувачки случај на самоповреда и напад во семејство во гостиварско, четири лица пренесени во болница

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 4 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 5 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 5 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена