Бизнис
Значајна соработка: „Менора Енкиду“ потпиша долгорочен договор со индиската компанија „Прајм Технолоџи“

„Менора-Енкиду Логистик и Консалтинг“ е приватна компанија со седиште во Скопјe која работи во областа на бизнис консалтинг и меѓународна трговија. Претставници на компанијата денеска потпишаа договор во Тамил Наду, Индија со индиската „Прајм Технолоџи“ со што се олеснува можноста на бизнис заедницата од земјава за проширување во т.н економско чудо од земја – Индија.
„Компанијата Менора Енкиду потпиша долгорочна соработка со Индиската компанија Прајм Технолоџи со што се здоби со ексклузивитет за претставништво на нивните производи во Македонија и цела Европа. За возврат, нашата компанија ќе биде мост и сигурна можност на компаниите од нашиот регион за нивно проширување на индинскиот пазар“, вели еден од менаџерите на Менора-Енкиду Логистик и Консалтинг, гостиварецот Бајрамали Саити.
„Менора-Енкиду Логистик и Консалтинг“ соработува со повеќе од 63 земји во светот како Америка, Турција, Израел, Албанија, Косово, Мароко, Мавританија, Мали и други земји.
- Македонијапред 4 недели
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 4 недели
Се празнува Спасовден
- Македонијапред 3 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 1 месец
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!