Занимливости
Знаете ли како го трошите времето во вашиот живот?

Објавено
пред 6 месецина

Додека го читате овој текст ќе сватите колку всушност е важно да си го цените времето, да се одолее на неверојатната брзина со која се движи денешното модерно општество и животот да го набљудувате низ моментите вредни за паметење.
Како да постигнам сѐ до крајот на работниот ден? Дали ќе имам доволно време да го подготвам испитот? Дали ќе стигнам на време? А време за себе? Проблем! И како што вели Ѓорѓе Балашевиќ “И пред тречи рефрен веч нисмо млади…“, се разбираме, нели?
За да застанеме на патот на безпотребното растурање и трошење на времето, и да успееме да го одвоиме важното од неважното, често ни е потребна помош и совет од страна на оние кои се во состојба истото да го направат. Во склоп на ова еве неколку интересни податоци за животот на просечниот човек кои ги претстави National Geographic, а кои ќе ве разбудат и наведат на размислување за тоа како го трошите вашето време и дали сте на вистинскиот пат.
Одиме со ред:
1. Луѓе родени во денешно време својот роденден го делат со 17 милиони други луѓе на планетава.
2. Во текот на 12 (или 13) години основно и средно образование, ќе имате во просек по 17 пријатели.
3. Тој број ќе се намали на само двајца пријатели до вашиот 40-ти роденден.
4. За време на просечниот животен век ќе ви нарасне 950 километри коса.
5. Ќе се смеете 18 пати на ден.
6. Ќе плачете просечно 4 пати неделно.
7. Во текот на животот ќе изодите толку да можете три пати да ја поминете земјата по екваторот.
8. Ќе изедете 30 тони храна, тежина еднаква на шест слона.
9. Ќе поминете 10 години на своето работно место, а 20 спиејќи. Исто така, два месеци од вашиот живот ќе ги поминете чекајќи на телефон.
10. Повеќе од 12 години ќе гледате телевизија, а 19 дена од животот ќе ги поминете барајќи го далечинскиот управувач.
Ако сето ова го земеме во предвид, доаѓаме до заклучок дека само еден мал дел од нашиот живот останува да направиме нешто за себе и да го работиме она што навистина нѐ исполнува. Затоа земете си ги работите во свои раце и управувајте со животот, а не тој со вас.
“Времето е она што го сакаме најмногу, но… што го користиме најлошо“ – Вилијам Пен
ОГЛАСИ ЗА РАБОТА:
АНКЕТА:

Расчистени сметките со Академија ФМП – Убедлива победа на КК Гостивар 92-81

Следете го во живо натпреварот: КК Гостивар – Академија ФМП (Livestream)

Во Гостивар 87 оздравени, 6 новозаразени и 1 починат изминатово деноноќие

КК Гостивар денеска ја пречекува екипата на Академија ФМП

Анализи на Д-Дмери за ковид болни наскоро во лабораторијата на Здравствен дом во Гостивар со упат од матичен лекар

АХВ со совети како да ги заштитите животните во зима

Неколку природни лекови против болка во грлото

УЈП го продолжи рокот за даночни пријави до 29 јануари

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

(ВИДЕО) Локал крај патот Тетово-Гостивар полн со танчерки и гости, најден е и пиштол

Државата ќе дава пари за купување ПВЦ прозорци, печки на пелети, сончеви колектори…

Водата од градскиот водовод во Гостивар забранета за пиење поради заматеност

Фото вест: Гостиварец си го паркирал џипот на плоштад меѓу новогодишните украси…

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ, поскапуваат горивата
- Што, како, каде?!пред 3 месеци
Нова „Мега акција со Мега ниски цени“ во МОНТЕНЕГРО МАРКЕТИ