Здравје и убавина
Зошто е корисно да се пие кафе?

Долго време лекарите предупредуваа на штетните ефекти од редовно конзумирање кафе. Се потенцираше дека е најдобро да се запре со оваа навика, или барем да се консумира кафе без кофеин. Сепак, ситуацијата се промени благодарение на голем број неодамнешни студии и истражувања.
Токму како и повеќето лековити билки, кафето е составено од најразлични елементи кои имаат корисен ефект врз низ тегоби во нашето тело.
Редовната консумација на кафе го намалува ризикот од срцев удар, депресија, деменција и Паркинсонова болест.
Кафето го намалува ризикот од развој на одредени видови на карцином, вклучувајќи карцином на дебелото црево, простата, матката и кожата, исто како и одредени видови на рак кои се развиваат во подречјето на главата и вратот. Помага во намалување на ризикот при заболување од дијабетис тип 2, како и при губење на килограми.
Кафето има благотворни ефекти врз црниот дроб, намалувајќи го и ризикот од добивање камења во жолчна кеса. Со оглед на тоа што кофеинот го релаксира мазниот мускул околу респираторниот систем, се користи како традиционален лек за астма. Покрај тоа, ефектите на кофеинот врз нервниот систем и мускулите може да ја зголемат силата и издржливоста.
Според ова, во убав разговор со вашите пријатели, уживајте со филџан добро кафе.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар